05 Декември, 2025
0.1484

Се монтираат автоматски рампи, патарините ќе добијат нов изглед!

Објавено во: Македонија 30 Август, 2013 08:29

Добивај вести на Viber

Операцијата за поставување на нови рампи на патарините почна. До крајот на септември 40 тина патарини во земјава ќе бидат опремени со нови автоматски – стоп рампи. Проектот конечно ќе дочека реализација. На терен веќе се работи, потврдуваат од Јавното претпријатие за државни патишта.  Операцијата за модернизација на рампите ја спороведува скопската фирма “АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ – Скопје“ а вредноста на договорот изнесува 110 илјади евра. Кои патарини ќе се автоматизираат? Од Јавното Претпријатие за државни патишта објаснуваат дека со набавката ќе се опремат 40 патарини со автоматски – стоп рампи, а предност ќе имаат оние кои се најмногу оштетени. “Со набавката на автоматските стоп рампи ќе се заменат најоштетените рампи по наплатните станици Глумово, Миладиновци, Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Набавката опфаќа 40 автоматски стоп рампи и 20 резервни краци за автоматските стоп рампи“ – велат од јавното претпријатие и додаваат : “Согласно склучениот договор за набавка на автоматски стоп-рампи, активностите се веќе отпочнати  и  испораката и монтажата  на рампите се очекува да заврши кон крајот на месец  септември.“. Инаку, ова е втор обид за модернизација на патарините со нови рампи. Првиот тендер е поништен поради тоа што фирмата – носител не ги испочитувала роковите за преземената обврска, по што договорот бил раскинат, гаранцијата активирана, а фирмата добила негативна референца. “Преходниот тендер не пропадна, туку склучениот договор со фирмата Електрософт е раскинат заради истекување на временскиот период за реализација на Договорот за набавка на автоматски стоп рампи. Во предвидениот временски период за  реализацијата на договорот, Електрософт  немаше активности на терен. Непосредно пред завршување на периодот за реализација на Договорот, фирмата побара продолжување на периодот за реализација од 12 дена. Во тој дополнителен период од нивна страна немаше никакви активности  и беше  побарано  дополнително продолжување од 60 дена за завршување на работите. Со овој период се надминуваа сите предвидени рокови  за реализација на Договорот и тоа беше причина за не реализирање на претходниот тендер со фирмата Електрософт. “ – објаснуваат од Јавното претпријатие за државни патишта. На последниот јавен повик интерес пријавија две фирми а изборот беше  направен преку електронска аукција. Дополнително, Јавното претпријатие за околу 70 илјади евра  спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги. Во меѓувреме, Агенцијата за патишта постави мониторинг систем преку кој во живо се следи наплатата на патната такса. Наместо пари – картички Мега – проектот за целосна електронска наплата на патарините треба да почне до година. Воведувањето на електронска наплата во пакет со изградба и реконструкација на околу 350 километри патишта низ земјава, според проценките ќе изнесува 100 тина милиони евра. Електронската наплата на патарините најпрво ќе се спроведе по должина на Коридорот 10 а потоа и на наплатните рампи од Коридорот 8. За спроведување на овој проект се обезбеди и кредитно задолжување од Европската Банка за обнова и развој во вредност од околу 16 милиони евра. Со воспоставувањето на електронската наплата треба да се отстарани влијанието на чоечкиот фактор, но надлежните тврдат дека тоа нема да значи откази за сегашните вработени, туку нивно распределување на нови работни места. Во меѓувреме, Јавното препријатие за државни патишта сумира позитивни резултати од наплатат на паратините. Според расположливите податоци, заклучно со јули, во споредба со истиот период лани приходите од наплата на патарините се зголемиле за 1,8 милиони евра или за околу 17 отсто. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите