Се намалуваат кражбите на старо железо, течат роковите за дозволи кај откупувачите
Објавено во: Економија 26 Април, 2013 19:18
Има добар ефекти од измените на Законот за управување со отпад усвоени пред шест месеци. Според министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, кражбите на предмети од железо, бакар и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо и други метали се намалени. Тој информираше и дека има интерес за примена на новиот правилник од сопствениците на отпади, а рокот за за усогласување истекува.
„Со новиот правилник дадени се 18 дозволи за трговија и 63 за вршење дејност, односно се прилагодени отпади со новите правила. Секојдневно имаме барања за усогласување со новите правила и за месец-два сите складови ќе достават барања за усогласување, а ние ќе вршиме надзори да ги потсетиме дека времето тече и оти треба да се усогласат“, рече Адеми.
Според измените на Законот за управување со отпад, кои беа донесени минатата година, депониите мора да бидат надвор од населено место, да бидат оградени, да имаат над 1.000 метри квадратни, дел од површината да им биде покриена.
Од друга страна па индивидуалните собирачи кои на годишно ниво можат да продаваат метали или отпад до 30.000 денари, доколку ја надминат сумата ќе треба да се регистрираат како трговци поединци или како правни лица, а инспекторите може да влезат во приватни дворови, да направат контрола и да ја конфискуваат стоката која сметаат дека е нелегална.
Од Асоцијација за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на посочија дека ќе понудат предлог за воведување персонален данок при откупот на секундарни суровини од физички лица и укинување на ДДВ-то.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




