Добивај вести на Viber
Во Србија денеска се навршуваат 13 години откако беше убиен првиот демократски избран премиер на земјата и лидер на Демократската партија, Зоран Ѓинѓиќ.
Претставници на српската Влада, на чело со премиерот Александар Вучиќ утрово положија венци на спомен-плочата во седиштето на Владата, на местото каде беше убиен Ѓинѓиќ.
За организирање на убиството на премиерот Ѓинѓиќ, на 40 години затвор е осуден поранешниот командант на специјалните полициски единици „црвени баретки“, Милорад Улемек. Иста казна доби и Звездан Јовановиќ, непосреден извршувач на убиството и поранешен заменик на Улемек.
Позадината на убиството на Ѓинѓиќ до ден денес не е позната.