28 Септември, 2024
0.0245

Се обидува ли Google да го наметне правото „ДА БИДЕШ ЗАБОРАВЕН”?

Објавено во: Анализа 05 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Голем број британски новинари се во паника. Таа започна всушност во четвртокот, кога Џејмс Бол од Guardian напиша коментар за информациите кои весникот ги добил од Google. Онлајн гигантот предупреди дека шест статии на Guardian веќе нема да излегуваат во европските сајтови за пребарување. Пораката е јасна - како резултат на одлуката на Судот на Европската унија од мај Google е принуден да стане учесник "во она што всушност е ефективна цензура“. Судот одлучи дека Google треба да ги отстрани резултатите од пребарувањето на физички лица, ако информацијата што излегува, е неважна, застарена или несоодветна. Сепак работите се многу покомплицирани отколку што изгледаат на прв поглед. Роберт Пестн од BBC ја обнови отстранетата стратија од Google, за да докаже дека за оригиналниот текст не е добиено барање за отстранување, додека други шпекулираат дека веројатно некој читател побарал материјалот "да биде заборавен". Од своја страна Бол наведува дека "без разлика дали станува збор за комерцијални причини или оние поврзани со слободата на говорот, Google ги информира сајтовите кога нивната содржина е блокирана - можеби со надеж дека тие ќе пишуваат за тоа". Уредникот на Financial Times Роберт Шримсли напиша на Twitter дека Пол Брнал, предавач по медиумско право на Универзитетот на Источна Англија, посочил ваква идеја во пост на на неговиот блог. Насловот на текстот на Бернал е "Дали Google намерно провоцира во однос на правото да бидеш заборавен?". "Тие се обидуваат да кажат:" Знаете дека сме прави! Ова правило значи цензура! Тоа е опасно ", пишува тој. Според него гигантот се обидува да ги натера новинари како Џејми Бол и Роберт Пестн да застанат на негова страна, а во случајот на Бол изгледа успеал да го направи тоа до одреден степен. " Гигант започна широка PR кампања, создавајќи погрешен впечаток за тоа дека му биле да донесе бројни тешки одлуки (всушност судот решава, а не Google) и дека ситуацијата е тешка за него ", пишува во The Register Ендрју Орловски. Google неодамна почна да презема и активности за отстранување на информации на база на барањата на корисниците кои добиле одлука од Судот на Европската унија. Компанијата изјави дека ова е нов процес за неа, кој допрва ќе се развива. Google има добиено над 70 000 индивидуални барања меѓу 29 мај и 30 јуни, во просек секој корисник сакал да бидат отстранети 3,8 линкови. По првичниот наплив барањата биле намалени до околу 1000 на ден. Најмногу барања засега доаѓаат од Франција - 14 086 барања. Следат Германија со 12 678 пријави и Велика Британија со 8 497. К.К.