Се обновуваат фасадите во Куманово, ќе се штеди на енергија
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2012 14:23
Почна обновата на фасадата на две згради, лоцирани на градскиот плоштад во Куманово, како дел од проектот Енергетска ефикасност што се спроведува преку „Хабитат“, општина Куманово и со поддршка на УСАИД. Во проектот се вклучени уште три згради, од кои најголемиот дел во централното градско подрачје.
Проектите за енергетска ефикасност добија поддршка и од локалната самоуправа.„Не сум задоволен од динамиката на спроведувањето на проектот што се должи на неусогласувањето со ставовите со одборот на станарите од некои станбени единици. Сепак, проектот за енергетска ефикасност ќе продолжи и во 2013 година. Советот на општина Куманово одобри средства за уредување на фасадите, така што учеството на локалната самоуправа се движи до 30 отсто, изјави градоначалнкот на општина Куманово,Зоран Дамјановски.
Проектот ќе се реализира кај пет згради, од кои четири се наоѓаат во строгиот центар на Куманово. Станарите од овие згради сами одлучиле дека сакаат промена на фасади, изолација промени на надворешната столарија и на покривната конструкција. Од општина Куманово информираат дека при промената на фасадата се води сметка за зачувување на постоечкета архитектура.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





