19 Мај, 2024
0.0383

СЕ ОЧЕКУВА ТЕШКА ЗИМА: Кој ќе помине поевтино, дали луѓето во градот или оние кои живеат на село?

Објавено во: Економија 27 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Во новата година повторно ќе имаме поскапување на струјата. Поради инфлацијата и енергетската криза нè очекува тешка зима, и затоа ги прашавме граѓаните, кој ќе ја помине поевтино, дали луѓето во градовите или оние кои живеат на село.

Секаде има сиромашни и невработени луѓе, но голем број се со ставот дека сепак на село ќе биде за нијанса полесно, затоа што таму мнозинството од жителите сами произведуваат храна, и најчесто имаат сопствени дрва за огрев. 

„Во Скопје ќе биде потешко, затоа што ние кои живееме  во згради немаме избор, немаме оџаци, мораме да се грееме на струја. Во село луѓето си произведуваат храна, имаат месо од домашно производство, а воедно и се хранат поздраво.  Има поединци кои со потценување гледаат на таквата работа, но од друга страна, тие луѓе си го исполнуваат времето, работат, и знаат што јадат, консумираат домашно и здраво. Луѓето на село обично имаат дрва, така што ем ќе зготват храна на дрва, ем ќе се згреат. Друга работа е дека имаат избор, можат да се греат на дрва или ако сакаат на струја“, вели Весна од Скопје.

Роберт Иванџиков од селото Стојаково раскажува дека повеќето  мештани имаат овошје и зеленчук од сопствено производство, си подготвуваат зимници, и ги задоволуваат потребите за храна.

„Мислам дека на село ќе биде полесно, затоа што луѓето си садат, си имаат храна, одгледуваат живина, стока, имаат јајца, месо“, рече тој.

Но, има и луѓе кои се на село, а сепак не се занимаваат со земјоделска дејност.

„Јас имав државна работа, никогаш не сум се занимавал со земјоделство, и сега сум во село, живеам од пензија, се греам на струја. Нема да биде лесно за никого, никој нема да биде поштеден  од кризата, без разлика дали живее во град или село. Луѓето обично садат домати, пиперки, зелка, но за многу други работи одат во продавница, купуваат храна, така што исто му доаѓа, сите ќе бидат погодени“, додава жител на струмичкото село Василево.

Арбен Халили, претседател на Центар за одржливо земјоделство и рурален развој – ЦЕСАРД вели дека кога се наоѓаме среде голема енергетска криза, не може точно да се каже, кој полесно ќе се справи со состојбата, дали луѓето во урбана или рурална средина.

„Веќе во планинските предели нема толку многу дрва, терените се оголени, така што јас купувам дрва во Тетово и ги носам во селото Шипковица. Но, поука од оваа криза треба да ни биде, да не се потпираме на греење на гас или струја, туку да ги искористиме тие 275 сончеви денови кои ги имаме во Македонија, да поставуваме сончеви панели“, рече Халили.

Друга работа на која треба да се посвети внимание е да се искористи максимално обработливото земјиште во Македонија, со тоа што и државните и приватните парцели ќе се даваат на луѓе кои сакаат да произведуваат храна. Халили вели дека добро би било и приватните лица кои поседуваат земјиште, или да го обработуваат, да го изнајмуваат или продадат на оние кои би засадиле или засеале нешто на тие површини. На тој начин Македонија ќе има доволно храна за населението. 

Земјава регистрираше инфлација од 16 отсто. Во јули минималната кошничка за едно семејство од четири члена изнесуваше над 47.000 денари. Во повеќе сектори има штрајкови или ќе има, со барање за повисоки плати. Но, не е само Македонија и регионот, туку енергетската криза и инфлацијата ја „тресат“ и Европа, при што има прогнози дека европските земји ги чекаат 5 до 10 тешки зими.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/wirestock

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници