Се очекува Ципрас да ја објави новата грчка влада на 23 септември
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2015 09:28
Лидерот на радикалната левица „СИРИЗА“, Алексис Ципрас, кој победи на предвремените парламентарни избори во неделата, се очекува да ја објави новата грчка влада на 23 септември, соопштија грчките медиуми.
Ципрас веќе најави дека повторно ќе владее во коалиција со партијата „Независни Грци“. Во тек се разговори за соработката и со други левичарски партии, како социјалистичката „ПАСОК“.
Конзервативната „Нова Демократија“, која остана втора по гласови, и Комунистичката партија одбиваат учество во владината коалиција.
Според „РИА Новости“, Никос Котзиас повторно ќе биде министер за надворешни работи, Панос Каменос - воен министер, финансии ќе бидат доверени на Евклид Сакалотос кој ги водеше преговорите за решавање на должничкиот проблем на завршната фаза.
На средбата Ципрас и Котзиас, е разгледан претстојниот настап на Ципрас во Генералното собрание на ОН и на Самитот на ЕУ.
Јоргос Хулиаракис, кој беше службен министер за финансии, а пред тоа раководеше со групата на економски советници, ќе го предводи новото министерство - за реализација на меморандумот со кредиторите, тврди руската агенција.
„Има проблем со кандидатурата за претседател на парламентот. Поранешниот вицепремиер Јанис Драгасакис го одбил предлогот. Меѓу потенцијалните кандидатури се и (поранешните министри) Никос Вуцис и Тодорис Дрицас“, соопштил извор на агенцијата. Се очекуваат промени во неколку „секундарни“ министерства.
Ципрас дал сигнал дека ќе состави влада, која ќе ги спроведе договорените мерки и реформи со меѓународните кредитори. Тоа е и причината за олеснувањето, со што се прифаќаат резултатите од изборите помеѓу партнерите од Унијата. Тие гледаат во изборните резултати како знак дека Атина ќе продолжи да се придржува кон обврските за реформите.
Од „СИРИЗА“ соопштија дека се предвидува формирање на постојан Национален совет за европски прашања и надворешна политика, кој ќе биде со претставниците на сите парламентарни партии.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




