Се одбележува Денот на албанската азбука - Иванов упати честитка
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2016 10:20
Денеска во Македонија се одбележува 22 Ноември - Денот на албанската азбука.
Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, денеска упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.
„Денеска се одбележува Денот на создавањето на албанската азбука. Овој ден се смета за еден од клучните настани за себеидентификација и за промовирање на албанската национална мисла. Идентитетот на народот тесно се поврзува со континуитетот на традицијата. Унифицирањето и стандардизирањето на азбуката е еден од основните елементи со кои се гради културолошката и колективната свест. Негувајќи го јазичното и културно богатство се остава трајно сведоштво за културната и национална особеност“ - стои во честитката од Иванов.
Историскиот настан е поврзан со Битолскиот конгрес одржан на 22 ноември 1908 година, на кој било унифицирано писмото на Албанците и се смета за еден од најважните политички, културни, научни, јазични и образовни настани за албанскиот народ.
Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908. година. Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. На Конгресот била усвоена одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик.
Во Битола тогаш присуствувале албански интелектуалци од целиот свет, зашто градот бил конзулски центар и безбедно место. За претседател на Конгресот бил избран Мидхад Фрашери, а потпреседатели биле Лиуѓ Гуракуќи и Ѓерѓ Киријази, чија сестра, Парашќеви Киријази, била единствената жена на конгресот. Киријази го објавиле и првиот буквар со унифицирана азбука за потребите на училиштата. Азбуката прифатена на Битолскиот конгрес денеска се користи секаде каде што живее албанско население.
Конгресот во Битола бил најзначаен културен настан за албанскиот народ на почетокот на 20 век, за што сведочат и експонатите во поставката на Музејот на албанската азбука во Битола.
За припадниците на албанската заедница денеска е неработен ден.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




