СЕ ОДЛОЖУВА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА РЕШАВАЊЕ БАНКИ? - пратениците бараат нови рокови
Објавено во: Економија 22 Август, 2025 10:35
Примената на Законот за решавање банки ќе се одложува, а предлогот за ова веќе е доставен во Собранието на Македонија.
Овој закон требаше да стартува со примена од средината на месец октомври, но најверојатно сега ќе биде одложен.
За оваа цел веќе е доставен предлог за измена на Законот за решавање банки, и предлагачите од редовите на владејачката коалиција предлагаат неговата примена да се одложи до 30 јуни 2026 година.
- Со Законот за решавање банки се уредуваат правилата, постапката и инструментите за решавање, овластувањата и одговорностите на Народната банка на Република Северна Македонија како орган за решавање и овластувањата и одговорностите на други органи и лица во врска со решавањето и основањето, финансирањето, користењето средства и управувањето со Фондот за решавање банки.
Овој Закон е усогласен со Директивата 2014/59/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 15 мај 2014 година за воспоставување на рамка за обновување и решавање на кредитни институции и инвестициски фирми.
Со членот 90 од Законот за решавање банки е уредено дека истиот ќе започне да се применува во рок од 24 месеци од денот на влегувањето во сила, односно ќе започне да се применува од 13 октомври 2025 година.
Од причина што е потребен дополнителен рок за започнување со практична примена на законот, потребно е да се одложи неговата примена, односно истиот да се применува од 30 јуни 2026 година - се појаснува во предлог измената на законот доставена во Собранието.
Инаку со овој закон како што беше посочено се цели кон зајакнување на капацитетот на банките за адекватно управување со ризиците поврзани со нивните активности, како и за апсорбирање на потенцијалните загуби што можат да настанат во деловното работење, чија имплементација дополнително ќе го подигне нивото на квалитетен капитал на банките и ќе ја зајакне супервизијата.
И министерството за финансии преземаше мерки за реализација на овој закон.
Инаку според надлежните Народната банка ќе ја утврдува и висината на минималната стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ) којашто секоја банка треба да ја исполнува, но има и други одредби.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





