29 Септември, 2024
0.0350

СЕ ОГЛАСИ АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ: Не направивме ништо незаконски со возилото за Џамијата - но еве кој е ставот на Фактор

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Откако Фактор објави дека директорот на Агенцијата за управување со одземен имот обезбедила и пуштила во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново, се огласи со свое соопштение Агенцијата, која тврди дека нема направено никаков законски прекршок со покренувањето на оваа иницијатива.

Нивното појаснување до нашата редакција го пренесувамне во целост.

„Ве известуваме дека Агенцијата нема направено никаков законски прекршок со покренувањето на иницијативата - предлог за отстапување на возило, туку напротив постапуваме согласно законските надлежности на Агенцијата.

Имено, откако сум на функција како директор во Агенцијата, имам одговарано на секое барање доставено до нашата институција, меѓу кои беше и барањето од страна на џамијата во Арачиново.

Како што е веќе познато на јавноста, Агенцијата согласно Законот бесплатно отстапува одземени предмети на други државни органи и надлежни институции преку кои отстапените средства се донираат за потребите на оние кои доставуваат барања.

Така е и во овој случај, Агенцијата согласно законот, на нивно барање изготви предлог кој ќе биде проследен до управниот одбор и Владата на РСМ за добивање согласност, за која што верувам дека ќе биде позитивна, со оглед на тоа што верските џамии или цркви се институции од општествен карактер, чија намена е за граѓаните, споделувањето и ширењето на мир и спокој во општеството. Ние секогаш стоиме во интерес и за доброто на граѓаните, надлежната дејност која Агенцијата за управување со одземен имот ја врши во поглед на социјалната реупотреба и бесплатно отстапување на одземени добра за општествени цели во кој ќе биде вклучен граѓанскиот сектор ќе биде и понатаму примарен приоритет во работењето“, се вели во писмениот допис кој ни го испрати Агенцијата.

Сепак, Фактор во овој случај сака да укаже на неколку работи, иако во ниту еден момент не изразуваме сомнеж во добрите намери на директорот на Агенцијата, Дритон Небиу. 

Имено, мораме да укажеме дека Џамијата не е државен орган или институција, туку станува збор за верска институција. Притоа не сакаме воопшто да спориме дека верските установи се општествено корисни за граѓаните, но стѕанува збор за граѓаните кои се верници.

Исто така, треба да се има предвид дека нашата земја е секуларна држава, па оваа одлука за која, како што вели директорот, треба да даде согласност и Владата, би можела да биде спротивна на секуларниот карактер на државата.

И трето, мора да напоменеме дека Македонија не е многу богата држава, па возила им се потребни и на многу државни болници, градинки и училишта, кои немаат пари да ги набават.

Инаку, еве што објави директорот на фејсбук во врска со возилото

„Општина Харачина не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижи, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана.Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука! “ напиша директорот на агенцијата, Дритон Небиу.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“