05 Декември, 2025
0.0466

Се огласи „Актор“: „Нема ништо незаконски!“

Објавено во: Македонија 14 Март, 2014 11:49

Добивај вести на Viber

Грчката градежна компанија „Актор“ која работи на изведбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица тврди дека нема ништо незаконско во исплатите од нејзината сметка. Една недела откако опозицијата за првпат обвини за скандал во финансиското работење на „Актор“, компанијата испрати соопштение во кое ги демантира наводите на СДСМ. „Секоја трансакција, вклучувајќи ги платите и надоместоците на вработените луѓе од Грција се покриени со договори и фактури, сите даноци се пресметани и платени и конечно сите плаќања се извршени преку банкарскиот систем согласно Законот. Од почетокот на проектот "Изградба на новата автопатска делница Демир Капија -­‐ Смоквица, како дел од Пан-­‐Европскиот Коридор Х" сите активности и со нив поврзани финансиски трансакции се реализирани во согласност со меѓународните и локалните закони и регулативи“, стои во соопштението на „Актор“. Од таму додаваат дека сите објави во јавноста во врска со проектот, компанијата и нејзините луѓе се неосновани и неоправдани. Јавното обвинителство вчера објави дека на барање на Управата за финансиско разузнавање замрзнало сметки на две фирми поврзани со овој случај и дека отворило преткривична постапка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија