29 Септември, 2024
0.0268

Се огласи бизнисменот Огњан Циговски: Ристевски е во Пекинг, но го нема цела година на работа а зема плата

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Бизнисменот Огњан Циговски се огласи во медиумите како претседател на Скиjачката Федерација на Македонија, откако поранешниот македонски олимпиец, Антонио Ристевски, реагираше на социјалните мрежи дека од таму го прашувале зошто не доаѓа на работа додека е на Зимските олимписки игри во Пекинг како дел од олимпискиот тим кој ја претставува Македонија.

Циговски во дописот вели дека Ристевски, не само додека е во Пекинг, туку дека цела година не доаѓал на работа и за тоа добивал плата, како и тоа дека најдобриот македонски алпски скијач на сите времиња не работел на Програмата за развој на скијачките спортови во РСМ, поради што трпеле зимските спортови во земјата.

Поранешниот олимпиец Ристевски, а сега тренер на алпскиот скијач Дардан Дехари, е во Пекинг, каде што токму Дехари требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом, но поради повреда на предните вкрстени лигаменти, мораше да се откаже од трките. Ристевски е обвинет од првиот човек на Скијачката федерација на Македонија, Огњан Циговски, и бара оправдание од него зошто не се појавил на работа токму во матичната Федерација. Сето тоа за време додека се одржуваат ЗОИ во Пекинг.

„Барањето за произнесување за отсуство од работа испратено до Ристовски беше испратено и до сите вработени кои го немаат оправдано отсуството, без исклучок и без оглед на личните и приватните достигнувања во спортот. За жал новото раководство на Федерацијата затекна ваква состојба на непочитување на професионалните работни задолженија од страна на вработените што редовно, секој месец подигаат плата. Од за нас нејасни причини, ваквата состојба била за жал толерирана од претходното раководство.

За нас е очекувано што некој, во случајов Ристевски, е вознемирен што му се обраќаме писмено и преку овластени правни застапници. Навикнат да се однесува неодговорно, непрофесионално и неетички кон професионалните обврски во федерацијата, наместо да одговори зошто речиси цела година зема полна плата, а го нема на работа, г.Ристевски пласира невистини и дезинформации во јавноста.

Со ваквото однесување г.Ристевки нанесува директна штета на македонското скијање бидејќи во негова директна надлежност е реализирањето или прецизно, заради неговото неработење, на нереализирањето, на Националната Програма за развој на скијачките спортови во РСМ.

Сега станува многу појасно зошто толку тажно изгледа учеството на само тројца олимпијци од Македонија на зимските олимписки игри во Пекинг.

Сега знаеме и дека четвртиот македонски учесник во Пекинг, во улога на тренер, е г.Ристовски. Тој што е лично одговорен за симболичното учество на нашата земја на зимската олимпијада 2022.

Новото водство на Федерацијата ќе стави крај на сите вакви и слични девијации во работењето на секој поединец“, се вели во реакцијата на бизнисменот кој е сопственик на ски-центарот Маврово и хотелот Бистра.

Понатаму Циговски вели дека Ристевски наместо да се посвети на сите талентирани спортисти, тој одбрал да работи само со двајца скијачи.

„Претходните успеси и резултати во скијачката кариера, која сега ја продолжува како тренер, го обврзуваат г.Ристевски, со целосна посветеност да им го пренесе своето знаење и искуство на генерациите што ги подготвува. Тука мислиме особено на фер плеј односот, колегијалноста и овозможувањето на простор за реализација на мотивациите и сонот на секој млад човек што сака да успее во белите спортови.

За  жал, наместо мотивација и масовна поддршка на многу млади таленти, г.Ристовски, селекторот на македонската репрезентација во алпско скијање, избрал да тренира само двајца спортисти со потенцијал да остварат забележителни Олимписки резултати.

Скијачката федерација на Македонија нема да толерира вакво самоволие. Во нашата држава има многу талентирани деца и младинци чијашто искрена поддршка и квалитетни подготовки ќе значат многу поуспешно и позначајно учество на големите натпреварувања и резултати и успеси за Македонија во белите спортиви на задоволство на сите наши граѓани.

За крај, ќе ја искористам оваа можност, во мое лично име да ја информирам јавноста. Јас, Огњан Циговски, ги демантирам лагите на г.Ристевски поврзани со Скијачкиот центар Маврово. Имено не само што не му е забрането на ниту еден клуб да тренира, туку на ски – терените во Маврово секојдневно има клубови кои ги одржуваат своите тренинзи и тоа е евидентно и лесно проверливо. Сите тие клубови имаат целосна поддршка од Скијачкиот центар Маврово. Исто како што го поддржувавме и нашиот најголем и најдобар алпски скијач на сите времиња, со години наназад“, додава Циговски.

Ристевски претходно во својот статус на Фејсбук објави дека 11 месеци трпел опструкции, па дури и забрани за тренинзи на Маврово, а побара и помош од државните институции. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“