СЕ ОГЛАСИ ДАМОВСКИ: Нинџа се чуди на два отсто доверба во Обвинителството
Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2020
Откако Александар Василевски-Нинџа на денешното рочиште за организирање на крвавите протести во Собранието на 27 април сведочеше дека бил присутен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде што, како што вели тој, се расправало за пари за движењето „За заедничка Македонија“, односно за собирање на 200 илјади евра, за водачите Борис Дамовски, Богдан Илиевски - Бетмен Велеит и Игор Дурловски, досега со реакција се јави само Борис Дамовски.
Дамовски со својот фејсбук статус всушност алудира дека Нинџа сведочи во корист на Обвинителството, за кое, пак, неодамна излезе анкета дека довербата на граѓаните во оваа институција е на најниско можно ниво, односно има доверба од само два отсто.
Тој го напиша следниов статус.
„Нинџа се чуди на два отсто доверба во обвинителство, а јас му шУпотам "не се саклдисуј, не си ти крив".
Дамовски објави и фотографија каде што заедно се на судење со Нинџа.
Оперскиот пејач, пак, Игор Дурловски, немаше директна реакција во врска со ова сведоштво на Нинџа, но затоа пак имаше што да каже како критика за здравствените власти во врскла со нивното справување со корона кризата, па затоа сега, како што вели, бараат виновници, и затоа им се криви граѓаните.
„Ова не е дрскост и ароганција, туку крајна несигурност на здравствените власти околу менаџирањето со корона кризата. Сите работи им излегуваат од контрола, па им останува само вината да ја префрлат врз граѓаните. Главната хаварија им се случи кога решија да одат на избори, мислејќи дека работите нема да им излезат од контрола. Останува сега да бараат виновници. И се знае, кога СДСМ е во опозиција, виновна е власта, а кога се на власт криви им се граѓаните“, пишува на фејсбук Дурловски.
Кај Бетмен Велит засега нема објава за овие наводи.
„На повик на Кирил Божиновски и Владимир Атанасовски, отидов во штабот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Бошкоски. Се расправаа за пари, земени од некоја провизија. Требало кај Божиновски да се дадат, за раководството на партијата, а ги зел Александар, портпарол или шеф на кабинетот, кој беше во просторијата. Александар молеше да му дадат време да ги соберат. Се работеше за 200 илјади евра. Парите беа за протестите и за водачите: Борис Дамовски, Бетмен и Игор Дурловски. Тие секој ден доаѓаа да добиваат инструкции што да му зборат на народот и каде да се движат. Со Дамовски доаѓаше жена Иванка“, рече поранешниот организатор на овие протести, Нинџа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.