Се огласи Шојгу по влезот на Финска во НАТО - какви мерки ќе преземе Русија?
Објавено во: Свет 04 Април, 2023 16:48
Финска денеска стана 31-ва членка на НАТО, а на руските власти тоа воопшто не им се допаѓа.
„Пристапувањето на Финска во НАТО создава ризик од значително проширување на конфликтот“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
Како што јави „Ројтерс“, тој на состанокот на раководството на руските вооружени сили рекол дека НАТО го зајакнува својот антируски курс.
„Шојгу рече и дека белоруските авиони сега се способни да носат руски нуклеарни проектили“, пренесува РТС.
Кремљ денеска најави дека ќе преземе контрамерки откако Финска ќе влезе во НАТО, со оценка дека проширувањето на западната алијанса претставува безбедносна закана за Русија. Финска е официјално членка на НАТО, откако финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто денеска во Брисел го депонираше инструментот за пристапување до САД.
И Шведска минатиот мај побара прием во НАТО, но Турција ја блокира.
Воениот и безбедносен аналитичар Мајкл Кларк изјави дека рускиот претседател Владимир Путин само се преправа дека не се грижи за вестите за влез на Финска во НАТО, а всушност „многу се грижи“. Објаснува дека ова ќе биде главоболка и за секој иден руски лидер.
Кларк додава дека една од причините за загриженоста на Путин е фактот што Русија ќе има 1.300 километри подолга граница со НАТО. Вели дека Русите немаат војници за да ја покријат оваа граница, затоа што нивните сили се во Украина.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев




