Се отвара Фонд за иновации, Владата на оглас бара директори
Објавено во: Економија 24 Мај, 2013 20:25
И официјално ќе се отвара новиот Фонд за иновации за кој денеска владата распишан оглас со кој ќе вработува управители и лица на раководни позиции. На оглас се бараат управители на Фондот за иновации и технолошки развој, односно еден директор, седум членови на Управен одбор и пет извршители за во Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот, кој допрва ќе се формира.
„Нашата интенција е тоа да бидат професионалци што се докажани во својата област и кои извршувале работи во полето на иновациите, имаат верифицирано образование, познавање странски јазици и го познават реалниот бизнис сектор“, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Според објавеното новиот директор на Фондот мора да има факултет од областа на економските или техничко-технолошките науки, да знае едн странски јазик и да има барем пет години работно искуство во дејноста. За членови на Управниот одбор може да аплицираат лица со факултет од економија, финансии, право и иновациска дејност, додека во Комитетот за одобрување на инвестициите и иновациите ќе се вработуваат лица кои најмалку десет години работеле на проект од областа на иновациите.
Со формирање на Фондот, Владата очекува дека ќе дојде до значително придвижување на работите во поглед на иновациите и иновациската дејност, а совеодавна помош за негово формирање доби од Израел.
„Фондот е предвиден со стратегијата за иновации која Владата ја усвои во октомври минатата година и тој ќе биде централно тело преку кој ќе се креира, формулира и реализира политиката на Владата и на државата во областа на иновациите и технолошкиот развој. Интенцијата на Владата е Фондот да биде професионализиран и во него да бидат вклучени најспособните кадри кои имаат најголемо искуство во областа на иновациите и технолошкиот развој и имаат бизнис отвореност и бизнис пристап да ја разбираат економијата, да имале искуство во рамките на реалниот сектор за да може подобро да одговорат на барањата на компаниите“, изјави Ѓорѓиев.
Првата година целокупната логистика во Фондот ќе ја врши државата, по што ќе се премине и кон парцијално финансирање од надворешни извори, односно користење на проектот на Светската банка, проект за развој на вештини и искористување на платформите што ги нуди Европската унија за финансирање на иновациите кој изнесува 140 милиони евра наменет за државите во Југоисточна Европа.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




