Се отвора „Палма мол“ – еден од најголемите трговски центри во Македонија!
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2013 18:56
На површина од 32 илјади метри квадратни, на четири нивоа и со подземен паркинг од 250 места , во септември ќе биде отворен третиот најголем шопинг центар во земјата „Палма мол“.
Трговскиот центар кој е сместен на 1 километар од градот Тетово, а на триесетина километри од Скопје, почна да се гради во 2011 и беше поврзан со веќе постоечкиот објект. Како инвеститор се јавува „Палма Трејд“, компанијата која на пазарот постои повеќе од 20 години и работи на дистрибуција на производи за широка потрошувачка и бела техника.
Како што денеска беше објавено, свои производи во „Палма трејд“ ќе имаат Њујоркер, Коинкаса, ЛТБ Џинс, Спорт Вижн, ДМ дрогерии, Лакосте,Наутика, Мотиви, парфимериите Шатци, Своч, Лост, Васидора, а во склоп на трговскиот ќе има и кафетерии, ресторани, содржини за деца и возрасни, но и Рамстор супермаркет.
„Многу сме среќни што успеавме да го комплетираме процесот на градежните активности на Палма Мол и со тоа да ја оправдаме довербата што нашите закупци ни ја дадоа. Со сите овие брендови Палма Мол претставува трговски центар од светски стандарди каде што сите посетители ќе имаат можат да ги извршуваат своите секојдневни потреби и да уживаат во најразличните забавни содржини“, изјави сопственикот на „Палма Трејд“, Неат Џеладини.
Паркингот ќе биде бесплатен, а во „Палма мол“ ќе се вработат 400 лица од Тетово и околината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





