01 Септември, 2024
0.0246

Се отвора пат за барокните фасади? Законот ја мина првата фаза!

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Со 49 гласа „за“ и 12 „против“ Собранието денеска во прво читање ги одобри измените во Законот за градење, што ги предложи Министерството за транспорт и врски. Една од клучните измени која се предвидува со овој закон е можноста советот на општината или на Град Скопје да може самостојни да носи одлука за надворешниот изглед на фасадите на објектите во централните делови на градовите, најави заменик министерот за транспорт и врски Џељаљ Бајрами. „Доколку оваа инцијатива е преземена од страна на општините во Скопје трошоците за фасадите ќе ги сноси самата општина“, наведе Бајрами. Опозицијата остро реагира на предложените измени. Според пратеникот Јани Макрадули од СДСМ „вакво законско решение не постои во нормалниот свет“. „Може да се случи некој без да ве праша да одлучи како ќе изгледа вашата фасада. Се носи закон со кој наводно заради интерсот на Градот Скопје со одлука на Совет може да се сменат постојните фасади на улица „Македонија“ и да се изградат барокни фасади“, рече Макрадули. Според него, нелогично е што Совет со минлив мандат од само четири години може да ја промени фасадата на објект што, како што кажа, можеби постои многу одамна. Најави дека ќе го обжали законското решение доколку биде донесено. „Со измените може да се менува изгледот на зградите, но не и нивната намена. Средствата за тие операции претходно мора да бидат предвидени во годишната програма на општината“, појасни заменик-министерот Бајрами. Пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека централното подрачје за секој град претставува дел кој треба да биде репрезентативен и е од значење за сите граѓани. Законските измени, кои денеска поминаа во прва фаза, сега ќе одат на јавна расправа, па ќе се вратат на уште една проверка пред пратениците. Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжение на 82-та седница го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење во прво читање и со 49 гласа „за“ и 12 „против“ заклучи дека е прифатлив и оти може да се даде на натамошно читање. Претходно заменик министерот за транспорт и врски Џељаљ Бајрами истакна дека се предвидуваат две темелни измени на Законот за градење. Првата е усогласување со измените направени во Законот за стечај, а втората за надворешниот изглед на фасадите на објектите во централните делови на градовите може да донесе одлука советот на општината, како и Советот на Град Скопје и советите на општините во Скопје. - Доколку оваа инцијатива е преземена од страна на општините во Скопје трошоците за фасадите ќе ги сноси самата општина, наведе Бајрами. Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ забележа дека вакво законско решени не постои во нормалниот свет. - Може да се случи некој без да ве праша да одлучи како ќе изгледа вашата фасада. Се носи закон со кој наводно заради интерсот на Градот Скопје со одлука на Совет може да се сменат постојните фасади на улица „Македонија“ и да се изградат барокни фасади, рече Макрадули. Тој посочи дека минлив Совет со мандат од само четири години може да ја промени фасадата на објект што, како што кажа, можеби постои многу одамна. Најави дека ќе го обжали законското решение доколку биде донесено. Во реплика земник министерот за транспорт и врски рече дека наместо да зборува за содржината на законот пратеникот Макрадули искажа политички тези. Со измените, како што прецизира, само може да се менува изгледот на зградите, но не и нивната намена и додаде дека средствта за таа намена претходно тие треба да бидат предвидени во годишната  програма на советот. Благоја Стојановски од СДСМ предложеното законско решение го оцени како „најбезобразно и најгрубо кршење на Уставот“. -   Со оваа измена длабоко се навлегува во правото на приватност и на сопственост и не се бара ни одлука и согласност од советот на станарите за да се измени фасадата. Така доказ за право на градење покрај имотниот лист ќе биде и одлуката на советот на општината, рече Стојановски. Покрај тоа, нагласи, не може точно да се дефинира што е тоа централно градско подрачје и општ интерес. Пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ во реплика оцени дека централно подрачје за секој град претставува дел кој треба да биде репрезентативен и е од значење за сите граѓани. Тоа, како што рече, лесно може да се дефинира. За Газменд Алији од ДПА  предложеното законско решение е неуставно и не треба да се гласа. Законските измени ги оцени и како антиалбански. Панче Орцев од СДСМ во своето излагање посочи дека ова законско решение е кулминација и е полно со негативности. - Секој совет во секоја општина во земјава ќе може да донесе одлука со која ќе може да го дефинира изгледот на фасадата на било кој објект без разлика дали е државен или приватен и дали сопственикот се согласува или не, појасни Орцев. Законот, нагласи, се носи за да можат да се направат барокни фасади на објектите на МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН, како и на Градскиот трговски центар во Скопје. Собранието без пријавени за збор ја заврши и општата расправа за Предлог законот за користење на податоците од јавниот сектор во прво читање. На барање на пртеникот Беким Фазлиу од ДПА, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски даде пауза од еден час по што ќе продолжи седницата, а редовната пауза наместо во 15 ја помести за 16 часот.

Можеби ќе ве интересира

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце