05 Декември, 2025
0.1003

Почеток на изградбата на слободната економска зона Тетово!

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2013 09:06

Добивај вести на Viber

Денеска почнува со изградба слободната екониомска зона Тетово. На камен темелникот ќе присуствува премиерот Никола Груевски. За вкупно 157 милиони евра (9.656.285.000 денари) Владата му го довери стопанисувањето со технолошко индустриската развојна зона Тетово на конзорциумот од две државни и три приватни норвешки компании, Нормак Инвестмент Груп. Норвешкиот инвеститор со овие пари обезбеди концесија врз ТИРЗ Тетово во следните 96 години. Според податоците од Бирото за јавни набавки, концесискиот договор меѓу Владата и Нормак Инвестмент Груп е склучен на 05 април годинава. Технолошко-индустриската зона во Тетово ќе се менаџира по принципот на јавно-приватно партнерство (ЈПП). Обврска на инвеститорот Нормак Инвестмент Груп е да привлече инвеститори во зоната, а на државата – да ја изгради клучката на автопатот Тетово – Скопје за полесно поврзување на зоната до која сега води регионалниот пат Тетово – Желино. Динамиката на изградба и ставањето во функција на оваа технолошко-индустриска развојна зона ќе зависи од Деловниот план на приватниот инвеститор. Министерот за економија, Ваљон Сараќини неоддамна изјави оти очекува дека ефикасното работење на зоната ќе придонесе за развој на целиот Полошки регион, бидејќи покрај инвестициите во инфраструктура, влез на нови технологии, ТИРЗ Тетово треба да овозможи и поголема соработка на деловните субјекти во регионот на Тетово. Слободната економска зона во Тетово е со површина од 94 хектари. Според проекциите, во првата фаза од се планира да се изградат 25 до 30 индустриски објекти, кои би вработиле близу 7.000 работни места. Денеска и нов погон на Џонсон Мети
Премиерот Груевски, ќе присуствува и на пуштањето во употреба на новите производствени погони во фабриката за катализатори на „Џонсон Мети“ во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 - „Бунарџик“.

Во новите погони „Џонсон Мети“ вложи 60 милиони евра.

Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите