05 Декември, 2025
0.0526

Се отвори фабриката „Кромберт и Шуберт“, ќе има уште 1700 нови вработувања

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2013 20:46

Добивај вести на Viber

Новата фабриката за автомобилски делови „Кромберт и Шуберт“, инаку германска инвестиција во индустриската зона Жабени во Битола денеска и официјално почна со работа.  Германците овде инвестирале 2о милиони евра, а иако сега работат околу 800 лица планот е бројката да порасне до вкупно 3 500 вработени. Изградбата почна пред една година, а објектот има четири деловни единици, односно по една за производство на кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника. Производството според планот треба да оди за извоз, кај европските производители на автомобили како БМВ или Ауди. Црвената лента помеѓу станатите ја сечеше и премиерот Никола Груевски, кој истакна дека Владата направила се што може за индустриската зона „Жабени“ да профункционира, па оттука, додаде, придобивките од влезот на „Кромберг и Шуберт“ во Македонија се неспорни. „Целиот пелагониски регион веќе ги почувствува придобивките од оваа фабрика. Во изминатиот период имаше голем број огласи за вработување и моментно во работен однос во фабриката се повеќе од 800-ини луѓе. До крајот на оваа година се очекуваат уште 200 нови вработувања, следната уште 1.000 вработувања и постепено до крајот на 2015 година да се заокружи бројката од над 2.500 нови работни места“, рече Груевски. Тој оцени дека во последните години ова е најголемата гринд-филд инвестиција во Македонија, а значајно е тоа што компанијата е извозно ориентирана и треба да ги зацврсти  економските и политичките односи со Германија. „ Дополнително значење на оваа инвестиција и дава фактот што „Кромберг и Шуберт“ е компанија која повеќе од еден век опстојува во автомобилската индустрија, компанија која е почитувана и силно етаблирана на светскиот пазар што е одлично за имиџот на нашата држава како поволна и атрактивна бизнис-дестинација и затоа верувам дека присуството на „Кромберг и Шуберт“ ќе повлече и други слични компании да го насочат својот интерес за инвестирање во Република Македонија,“ смета премиерот. Германската компанија има повеќе од 10 илјади вработени низ цел свет кои произведуваат високо технолошки производи и опрема за автомобилската индустрија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите