05 Декември, 2025
0.1185

СЕ ОЖЕНИ Д-Р КУНГУЛОВСКИ - лекарот кој го паметиме на првите борбени линии против коронавирусот

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2022 15:47

Добивај вести на Viber

Јавноста во земјава го памети младиот лекар д-р Горан Кунгуловски, кој постојано беше на првиот борбен фронт прфотив опасниот коронавирус, кога тој беснееше низ светот, а и низ државава. 

Д-р Кунгуловски редовно даваше изјави за јавноста за тоа каква е состојбата со ковид 19 во земјава, какви се прогнозите, очекувањата, но и кон какви препораки тгреба да се придржуваат граѓаните за да се заштитат од ова заболување, какви протоколи да почитуваат заболените, а секако, и за неопходноста од вакцинација, давање на статистики и слично.

Сега, пак, д-р Кунгуловски, веројатно кога коронавирусот веќе не е закана за човештвото, а бројот на заболни е значително намален, има време за решавање на најважното животно прашање, а тоа е стапувањето во брак.

Д-р Кунгуловски и неговата избраничка Ангелина Кунгуловска неодамна стапија во брак, а на фејсбук објавија прекрасни фотографии од овој убав момент.

Споделуваме неколку фотографии.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: