Се планира фабриката во Охрид да биде една од двете најважни локации на „Костал“ во Европа
Објавено во: Економија 12 Март, 2021 19:24
„Костал Македонија“ планира да разработува нови проекти, но тоа зависи и од конкурентноста на компанијата за светскиот пазар.
Важно е да има добра инвестициска клима, можност за развој, задоволување на договорните обврски на државата.

„Планот е наредните неколку години да филијалата во Охрид да биде една од двете најважни локации на „Костал“ групацијата во Европа. Тоа е многу позитивно и за државата, доколку се земе предвид додадената вредност на крајните производи на компанијата, со потенцијал за неколку години да се оствари годишен извоз од над 300 милиони евра и вработување на над илјада висококвалификувани вработени“, рече директорот Виктор Мизо.
Во годината во која економијата се соочи со пандемијата, „Костал Македонија“ реализира нови 322 вработувања, инвестициите надминаа износ од 14 милиони евра, a продажбите 51 милион евра, што е зголемување од над 50 отсто во споредба со обемот на продажби за 2019 година.
Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, кој денеска ги посети индустриските капацитети во ТИРЗ во Кичево, Струга и во Охрид изјави дека е добро тоа што компаниите ги прошируваат капацитетите.
„Изминатите неколку месеци имаме најави со конкртетни писма на интерес, како од постоечките така и од нови фирми, преку потенцијални инвестиции меѓу 80 и сто милиони евра“, рече Деспотовски.
Тој вели дека ќе има повеќе работни места, односно и повеќе квалитетни работни места.
фото ohridnews
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




