СЕ ПЛАШАТ ОД ОДМАЗДАТА НА ИРАН: Израелците велат дека ги загрижува можната ескалација

Објавено во: Свет 12 Април, 2024 17:51
Израелците живеат во страв, одмаздата е неизбежна, а САД ги предупреди своите граѓани.
Во Ашкелон, израелски град на границата со Газа, жителите се навикнати да живеат со заканата од палестинската терористичка група Хамас, но сега се загрижени за понатамошната ескалација на конфликтот и воздушните напади на уште поголем непријател.
„Се надевам дека Иран нема да направи ништо. Тоа би било страшно. Денеска го славиме Бар мицва на мојот син. Не спиев ноќе, загрижена сум поради оваа ситуација. Не е пријатно. Не е добро чувството. Не е безбедно да се живее во Израел во моментов, но ние сме тука, нема второ место“, изјави вчера Корин Перец за Скај њуз.
Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Израел мора и ќе биде казнет за нападот во кој загинаа седум членови на иранската револуционерна гарда, вклучително и висок командант на елитните сили Кудс во странство.
Израелците знаат дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе одговорат на секој ирански напад, што може да предизвика поширока регионална војна.
САД го ограничија патувањето на своите вработени во Израел поради страв од ирански напад. Американската амбасада им порача на вработените да не патуваат надвор од поголемите области на Ерусалим, Тел Авив или Бершеба како мерка на претпазливост, јавува Би-Би-Си.
Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел. Терористите убија над 1.200 Израелци, но и странци. Потоа Израел почна операција во Газа, каде загинаа над 30.000 Палестинци.
Можеби ќе ве интересира
ЦЕНАТА МУ Е ПОМАЛКУ ОД 5 ЕВРА, НО ОВОЈ ПРОИЗВОД E ЧЕСТА МЕТА НА КРАДЦИТЕ: Ова е причината зошто толку многу го крадат
НЕ ЗАПИРААТ ПРОТЕСТИТЕ ВО ТРУЦИЈА: Дали злосторство на Екрем Имамоглу е тоа што го победи Реџеп Таип Ердоган на изборите?

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ИМААТ ВОЗАЧКА ВО НЕКОЈА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: ЕУ ги менува правилата

СКАНДАЛ БЕЗ ПРЕСЕДАН - луѓето на Трамп по грешка ставиле новинар во доверлива група и му откриле детали за воените планови

ПРОМЕНЕТ ИЗГЛЕДОТ НА НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ НА СВЕТОТ! Нема веќе фалсификување, еве што ставаат во него

ТРАМП: Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме

ЗЕЛЕНСКИ ДО ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Уште ве чекаме во Украина

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЛЕ РУСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ВО БЕЛГОРОД: Сакаат да му покажат на непријателот дека не е безбеден
