25 Ноември, 2024
0.0254

СЕ ПЛАШАТ ЗА СВОЈОТ ОПСТАНОК: Mногу италијански хотели остануваат под клуч

Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Пандемијата на коронавирусот ја доведе во прашање иднината на многу италијански хотели. 

Се затвораат за цела сезона повеќе од 20 отсто од хотелите во Италија. 

Хотелите во Фиренца се плашат за својот опстанок. 

Над една четвртина хотели во земјата ќе останат затворени месецов, иако државата ја укина блокадата по околу три месеци рестриктивни мерки воведени поради новиот коронавирус, објави италијанското здружение на хотелиери.

Раководителите на околу 30 проценти од хотелите решија нивните објекти да останат овој месец затворени, а планирано е околу 80 отсто од вкупниот број хотели во земјата да бидат отворени во август.

Околу 118.000 луѓе минатиот месец останале без сезонска работа во туризмот. 

Италија долго време беше во карантин поради Ковид -19, и таа е една од најпогодените европски земји. 

Соопштено е дека повеќе од половина од луѓето тестирани во италијанската северна провинција Бергамо имаат антитела на Ковид-19. Ова се резултати од истражување. 

Имаше некои предвидувања дека откако кризата ќе заврши, Италија ќе биде поевтина за одмор. 

Италијанските власти, исто како и француските ги повикаа своите граѓани да летуваат во земјата. 

Од друга страна, властите во Италија неодамна покажаа револт затоа што нивните граѓани нема да можат да патуваат во соседна Грција. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?