27 Април, 2024
0.0270

Се подготвува нов рекорден договор за учебници во 2019-та: Во четири очи планирани се над 11 милиони евра

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Во две набавки, без објавување на претходен оглас туку во преговори, Министерството за образование и наука и годинава ќе ги купува учебниците за основно и средно образование. Ова стои во планот за јавни набавки за годинава кој министерот Арбер Адеми го потпишал пред неколку дена. Само овие две набавки вредат вкупно 680 милиони денари што ќе ја направи оваа институција, повторно, меѓу тие кои се најголеми потрошувачи на годишно ниво. Проценето е учебниците за основно образование да чинат 586 милиони денари, додека тие за средно образование 92 милиони денари. И двете набавки во четири очи се планирани во текот на мај и јуни.

Инаку годинава планираните јавни набавки на Минситерството се во вкупна вредност од над 1,2 милијарди денари. Тоа значи дека повеќе од половина од вкупно планираната сума за јавни набавки се предвидени за учебници. Рехабилитација на основни и средни училишта со 75 милиони денари е на трето место, а понатаму планирани нови договори според висината на сумата е набавката на интернет за пренос на податоци од училиштата и средните домови (30 милиони), опремување на лаборатории на основните училишта (31,43 милиони денари), санација на мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев“  (27 мил.), довршување на фискултурна сала во ОУ во село Дебреше (32 мил) и реконструкција на земјоделското училиште Кочо Рацин (30 мил.) итн.

Министерството за образование и наука лани пред почетокот на тековната училишна година склучи десетици зделки во четири очи за набавка на учебници. Системот за Јавни набавки објави 27 договори во кои како договорен орган стоеше Министерство за образование и наука и во овие огласи како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорите од речиси 7,5 милиони евра. Вкупно државата преку Министерството за образование платила 16 милиони евра за учебници и дополнителен дидактички и работен материјал, покажуваат официјални податоци од тендери објавени во 2016 година, 2017 година и лани.

„Станува збор за склучени два договора за набавка на учебници, со две издавачки куќи кои Министерството за образование и наука тврди дека неколку години наназад го имаат ексклузивното авторско право над соодветните учебници, односно авторското право над поголем дел од учебниците кои се применуваат во основните училишта во Република Македонија. Инаку, ваков тип договори по пат на преговори се склучени и со други 17 издавачки куќи, кои ги имаат откупено авторските права над другите учебници од кои се учи во основните училишта. Единствената разлика е што оваа година при преговорите со издавачките куќи, постигната е откупна цена која е за 40% пониска во однос на минатите години“, гласеше тогашната реакција на МОН, а слично оправдување во јавност даде и министерот Адеми.

Во отсуство на немање официјални податоци за 2018-та, договорот од 300.000 денари на МОН со четиринаесет издавачки куќи за откуп на учебници за основно образование и дидактички материјал беше рекорден тендер од сите можни јавни потрошувачки во Македонија во 2017-та, пред оној на АД ЕЛЕМ за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола од 290 милиони. МОН беше најголемо министерство-јавен потрошувач таа година со 900 милиони за склучени договори, зад АД ЕЛЕМ, ЈП Државни патишта и ЈП Македонија пат. Овој ресор традиционално е еден од најголемите јавни потрошувачи со 1,6 милијарди потрошени на тендери во 2016-та и 2,1 милијарди во 2015-та.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра