17 Мај, 2024
0.0297

Се поизвесни санкции за Македонија - Владата мора да ја реши ГА-МА

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Можно е Енергетската заедница да почне прекршочна постапка против Македонија, поради тоа што земјата не ги спроведе сите обврски од Третиот енергетски пакет. Рокот е изминат уште во 2015 година. Во меѓувреме како дел од тој пакет е и раздвојувањето на операторот на преносниот систем нешто што требаше да се заврши до јули 2016 година. Фактор веќе пишуваше дека државата каска со исполнувањето на обврските, а решението за ГА-МА, како што објавивме, можно е да и донесе и санкции на Македонија од Енергетската заедница.

Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач за Телма потврдува дека досега не потегнале таков чекор, но дека планираат да почекаат уште малку по што ова однесување може да значи и прекршочна пријава.

„Прекршочната постапка не е добра за имиџот на земјата особено не за земја која се залага за разговори за членство ЕУ. А инаку прекршочната постапка трае долго, од една до две години и на крај може да значи санкции односно ускратување на средствата на ЕУ. Но, тоа е црно сценарио, и се надевам дека ќе биде претходно средено, вели Копач.

Регулирањето на сопственичките односи во ГА-МА всушност целосно е во согласност со Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет кој впрочем беше инкорпориран во Законот, а усогласен како обврска од Енергетската заедница.

Енергетската заедница беше и медијатор во решавањето на спорот меѓу Владата и Макпетрол околу ГА-МА но и покрај успешно завршената медијација, се уште ништо не мрдна од мртва точка.  Владата му префрли на Национални енергетски ресурси 32 милиони евра, пари со кои требаше да го откупи делот од Макпетрол во ГА-МА, но процесот е стопиран.

„За нас, на некој начин овој проблем беше решен бидејќи Владата се согласи со записникот, тоа беше потпишано, сметавме дека само техникалии се во прашање, некоја формалност. Но за жал се остана некаде во воздухот. Може и оваа сегашна Влада тоа да го реши бидејќи сите основи за тоа да се реши тој спор се донесени, вели Копач.

Од Макпетрол за Фактор неодамна изјавија дека по медијацијата и решавањето на спорот тие ги донеле сите соодветни одлуки и дека се подготвени да пристапат кон потпишување на спогодбата со што ќе се реши прашањето со ГА-МА.

Според наши информации првичната идеја била за потпишувањето на спогодбта да се донесе само владина одлука, потоа тоа се променило во барање за донесување на Закон. Тоа го потврди вчера поранешниот премиер Зоран Заев кој рече дека најверојатно процедурата ќе се реши со Закон кој ќе биде донесен на наредната владина седница. Се надева дека ќе има време и дека роковите ќе се запазат. Но дали ќе биде така, не се гарантира сигурно. Собранието ќе работи само уште десетина дена односно до 11 февруари и сите процедури треба да поминат до тогаш. Потоа Макеоднија влегува во предизборие.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА