Добивај вести на Viber
Американската компанија General Motors уште во 2001 година ги утврди постоечките проблеми поради кои дури неодамна беа повлечени 1,6 милиони возила во Северна Америка.
Од документот кој веќе е достапен, се гледа дека GM за тој смртоносен проблем знаеле три години пред да признаат.
Тој проблем со контакт – бравата на автомобилите поради кој моторот изненадно се гаси во текот на возењето, а управувачот се блокира е поврзан со триесет несреќи и загинувањето на 12 лица.
Властите во САД бараат одговор зошто компанијата чекала повеќе од десет години да ги повлече возилата кои имаат таков недостаток со контакт – бравата од кои клучот може да се преврти од вибрациите при возењето или тежината на привезокот.
Водечкиот американски произведувач на автомобили со ова успеа да се најде во центарот на повеќекратна истрага од страна на американската агенција за сообраќаја, од претставничкиот дом на конгресот на САД и одделот на министерството за правда.
GM во февруари во две фази повика на замена на контакт – бравите на 1,62 милиони возила во Северна Америка, односно во САД, Канада и Мексико, во главно кај малите Шевролети, Понтијакот и Сатурнот произведени во периодот од 2003 до 2007 година. Новата, денешна хронологија на проблемот, потекнува од американската агендија за сообраќај и агенцијата АР добила примерок од документот во кој се изнесуваат до сега невидени информации за тоа.
Во текот на состанокот на 17 декември минатата година, а потоа и на уште една седница на 31 јануари годинава, високи претставници на GM пршале дали треба да се повлечат само моделите на Шевролет кобалт и Понтики произведени помеѓу 2005 и 2007. Но, податоците од февруари покажуваат дека ист дефект имаат и други модели, како што е Сатурн, пишува во документот. Меѓутоа уште во 2001 тој проблем бил откриен кај моделот Сатрун и тоа во фаза на претпризводство. Одлучено било дека промената на дизајнот ќе биде доволна.
Меѓутоа, две години подоцна еден техничар до компанијата пријавил дека едно од возилата кои ги управувал откажал за време на возењето. Во 2003 GM потврди дека биле примени неколку жалби од купците дека токму овој модел не може да се стартува.
Компанијата се соочува со казна од 35 милиони долари, што е безначаен износ во однос на нивниот приход од 155 милијарди долари.
Таа прва криза откако на чело на комапнијата е првата жена, Мери Бара, најверојатно ќе ја чини компанијата доста од репутацијата која едвај успеа да ја обнови по банкротот во 2009 година.
- Денеска GM е во целост посветена на учење од минатото, одржувајки највисок стандард на квалитет, искоментирал портпаролот на комапнјата GM за AFP.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: