Се појави видео со наводно насилништво врз Спасов
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016
Во дел од медиумите попладнево се појавија снимки со наслови кои сугерираат дека заменик министерот во Министерството за труд и социјална политика, Диме Спасов бил гонет од насилни луѓе со пиштоли.
Се работи за видео од безбедносните камери поставени на бандерите низ градот од ноќта кога Спасов предизвика сообраќајни незгоди со службено возило на Агенцијата за вработвање и бегаше од полицијата.
Не се знае како овие снимки завршиле во медиумите. Полицијата го поседува целиот аудио разговор со луѓето од пасатот кои повикале полиција. Сопатничката на Спасов дала исказ дека никој не ги бркал, според изјавите дадени од МВР.
Управата за безбедност и контраразузнавање не ги дала снимките од камерите на кои е снимен инцидентот на Спасов на СВР Скопје, дознава НОВА од полициски извори. УБК е единствената институција во чие владение се безбедносните камери од улиците, а СВР-Скопје ги побарало за да може да ги расветли случувањата од таа ноќ.
Спасов денеска се појави во јавност и ја обвини опозицијата за местенки.