Се појавија првите информации од црната кутија на соборениот малезиски боинг
Објавено во: Свет 27 Јули, 2014 18:07
Иако Русија и понатаму ја негира одговорноста за соборувањето на малезискиот авион над источна Украина, европските надлежници тврдат дека податоците од „црната кутија“ покажуваат дека авионот е погоден од проектил, пренесува CBS News.
Имено, податоците забележани во црната кутија упатуваат „на голема експлозивна декомпресија“ а трупот на авионот е погоден со шрапнел после експлозијата, за што сведочи и фотографијата од остатоците на авионот.
Проектилот најверојатно експлодирал на десната страна на авионот, а шрапнелот го пробил трупот и излегол од лева страна.
Се работи за првите неофицијални податоци за содржината на црната кутија која е испратена на детална анализа во Лондон.
Американски надлежни лица тврдат дека за рушењето на авионот со кој летаа 298 лица се виновни проруските сепаратисти во источна Украина, кои најверојатно мислеле дека се работи за украински авион.
На местото на падот на авионот денеска избија судири така да посетата на австралиски и холандски експерти и полицајци, кој имаа на ум да го осигураат теренот додека се собираат доказите, е одложено за понатаму.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




