Се породи Авганистанката која синоќа пристигна во Македонија
Објавено во: Македонија 31 Август, 2021
Здраво машко бебе роди од 3 килограми и 200 грама роди Авганистанката која доцна синоќа пристигна во Македонија.
Таа е породена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Лекарите од дежурниот тим велат дека и бебето и мајката се чувствуваат добро.
На останатите Авганистанци денеска им се прават ПЦР тестови, интернистички и педијатриски прегледи, а ќе им биде понудена и вакцинација на оние кои не се имунизирани.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека властите во Скопје досега дале согласност за околу 750 Авганистанци кои избегале од Талибанците.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.