05 Декември, 2025
0.1040

Се повеќе даночни обврзници во Грција и должат пари на државата

Објавено во: Балкан 29 Март, 2013 11:04

Добивај вести на Viber

Еден од тројца даночни обврзници и две од три компании во Грција и должат пари на државата, соопшти грчкото Министерство за финансии, нагласувајќи дека 2,5 милиони даночни обврзници должат вкупно 20,4 милијарди евра и речиси 150.000 компании должат околу 35,5 милијарди евра.

Иако овие бројки ги вклучуваат даночните обврзници кои во меѓувреме починале или фирми кои веќе се затворени или се лажни, податоците на Министерството укажуваат на пораст на бројот на должниците на месечно ниво поради поради неможноста да ги платат обврските и го чекаат новиот план за плаќањето на данок.

Меѓутоа, официјалните бројки покажуваат дека даночните власти ги исполниле целите за наплатата во февруари. Вкупно 70 даночни канцеларии ги надминале целите и со тоа ги покриле другите 70 кои не собрале доволно.

Сепак, од 140-те даночни канцеларии, само 17 ги постигнале поставените цели за собирање на данокот на додадена вредност. Тоа покажува дека фирмите не плаќаат ДДВ затоа што е превисок и за тоа се обвинува Министерството за финансии кое не успеа правилно да го процени влијанието на намалувањето на економијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии