19 Декември, 2025
0.0729

Се повеќе турски бизнисмени сакаат да инвестираат во Македонија

Објавено во: Економија 15 Април, 2013 12:40

Добивај вести на Viber

Зголемен е бројот на турски инвестиции во Македонија, но бизнисмените од двете земји договараат уште поинтензивна соработка.

Како што беше речено да денешниот деловен форум, Турција ја гледа Македонија како безбедна земја за вложување со одлични услови, а предност повеќе е и тоа што е блиска до европските земји.

- Македонија за нас е многу значајна. Дојдовме да ги детектираме полињата за соработка зашто сакаме уште повеќе да инвестираме, рече Наџи Шаки, претседател на Асоцијацијата на индустријалци од Бурса.

Туризмот, земјоделството, прехранбената индустрија, текстилот и градежништвото се најатрактивни за турските инвеститори.

Според Стопанската комора која го организираше бизнис-форумот, Турција е на 10. место во вкупната размена на Македонија за 2012 година. Лани размената изнесувала 390 милиони американски долари или 6,2 отсто помалку во однос на 2011 кога достигнала 417 милиони долари. Намерата на бизнис-заедницата е овој биланс значително да се зголеми.

Денешниот македонско-турски деловен форум е трет одржан овој месец.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд