19 Декември, 2025
0.0372

Се повеќе задолжувања за станбени кредити, владините проекти неатрактивни?

Објавено во: Економија 01 Август, 2016 12:30

Добивај вести на Viber

За пет години бројот на издадени станбени кредити се зголемил дупло.

Тоа значи дека банките од 2010 до 2015 година на граѓаните им одобриле заеми приближно 500 евра. Споредбено со 2015 во 2015 година тој број изнесувал 264 милиони евра, според пресметките на Народна банка.

Во првото полугодие на 2015 3693 лица купиле нов стан задолжувајќи се кај македонските банки.

Според она што го објави порталот Билд, повикувајќи се на податоците на статистика, податоците посочуваат на одржување на високото ниво на изградба на нови станови и на намалување на нивната вредност.

Според статистичарите лани во земјава биле подигнати 2.824 станови од деловните субјекти и 2.473 станови во индивидуална режија. Цената на еден квадрат станбена површина во 2015 година изнесувала 46.085 денари, што е за 7,3% помалку во споредба со состојбата од пред пет години.

Владините проекти фрлени во сенка ?

Симболични резултати од 8% изадени стабени кредити кај проектите на Владата. Засега податоците од проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ не го постигнуваат очекуваниот резултат кај граѓаните при изборот на станбен кредит.

Само 820 апликации за субвенционирање на станбен кредит биле прифатени преку проектот „Купи куќа, купи стан“ до почетокот на 2016, сметано од почнувањето на проектот пред четири години.

Според погореспоменатиот портал не се нешто подобри ниту резултатите кај проектот „Купи куќа за млади“.

До средината на јули (сметано од почетокот на проектот од јануари) се одобрени само 18 апликации или  382.351 евро одобрени субвенции за изградба или за доградба на куќа од страна на банките.

Во тек е разгледувањето на 80 барања за субвенција во рамките на проектот „Купи куќа за млади“.

Што мислат граѓаните за владините проекти?

„ Триста људи, триста чуди“. Па така и нивното мислење за ова прашање. Некои го кудат, некои го фалат проектот на Владата со кој млади лица може да дојдат до сопствен дом. За едни не е исплатливо, за трети проектот е издржан.

Kој се може да аплицира за проектот „Купи куќа за млади“

Апликациите за проектот се доставуваат до 8-те комерцијални банки кои учествуваат во проектот, односно Стопанска банка, НЛБ, Охридска банка, Стопанка банка Битола, ТТК, Прокредит, Шпаркасе и Алфа.

 За да може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ лицето треба да ги исполни следните услови:

 – Да нема повеќе од 35 години,

 – Да одговара на критериумите за добивање кредит за куќа пропишани од банката,

 – Платите на лицето кое аплицира и на брачниот другар да бидат помали од 1.300 евра, или доколку лицето не е во брак платата да биде помала од 900 евра,

 –  Да нема друг стан или куќа на свое име или доколку е во брак и на име на брачниот другар

 –  Да нема подигнато друг станбен кредит

 –  Рокот на отплата на кредитот да е најмалку 20 години (со можност за отплата по 12 година).

Доколку лицето одговара на условите, постапката за аплицирање е следна: Лицето треба да обезбеди плац, или доколку прави надградба/доградба треба да обезбеди согласност од сопственикот на куќата дека може да надградува/доградува, треба да обезбеди идеен и изведбен проект за изградба на куќата – бесплатни проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни може да добие од Министерството за транспорт и врски, да извади градежна дозвола, да склучи преддоговор со градежник изведувач и да поднесе апликација во банка

 Младите можат да бираат помеѓу два модела од проектот „Купи куќа за млади“.

 Субвенција на учество преку овој модел младите можат да ја искористат поддршката од Владата за отплата на целото учество  (25% од кредитот). Каматната стапка е фиксна за цело време на отплата на кредитот, односно 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.

Дополнително се  заштедува од 2.000 до 3.000 евра со повластените каматни стапки.

 Преку моделот Субвенција на рата граѓанинот може  да ја користи поддршката од Владата за отплата на месечната рата на кредитот за куќа (главнина и камата), и тоа: Владата плаќа 80% од месечната рата во првите 8 години и 50% во 9,10 и 11 година од периодот на отплата.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?