Добивај вести на Viber
Со измените во Законот за труд во Србија за првпат се дава можност работниците, во договор со газдите, да можат да работат од дома или на далечина, дури и по само неколку часа. Во тој случај тие имаат исти работни права и право на пензија, како и вработените кои работат со полно работно време.
Работата од дома е се почеста, бидејчи од овој модел корист имаат и работодавачите и работниците. На овој начин најчесто работат фирмите за информатички технологии, финансии, консалтинг, дизајн, архитектура. Во меѓународна ИТ компанија, која работи во повеќе од 40 земји, се препорачува вработените барем еден ден во неделата да работат од дома.
„Според некои истражувања, продуктивноста на трудот се зголемува со воведување на работа на далечина, некаде околу 30% иницијално, но многу е важно да се одржи таа контрола и мерливост на резултатите за да се одржи и продуктивноста“, вели Душан Стокиќ, директор на „Атос ИТ Солушнс“ за Југоисточна Европа.
Работниците од дома и на далечина имаат право на пресметка на прекувремена работа, надомест за ноќен труд и користење на годишен одмор и отсуство. Полесно им е да работат од дома, бидејќи можат да ги усогласат семејните и работните обврски, а помали се и трошоците за топол оброк и превоз кои не ги плаќа работодавачот.
Исто така, работодавачот вече не мора да има којзнае каков деловен простор, кога многу од задачите можат да се работат од дома. Олеснувачки за вработениот е што не мора да губи време во транспорт, заминување и доаѓање на работа.
„Јавната корист од флексибилноста на трудот е што на овој начин можат да се вработат и луѓе од неурбани средини, лица со инвалидитет и самохрани родители. Негативна страна е што на тој начин вработените се отуѓуваат од општеството и од колегијалната средина“, вели Небојша Милетиќ од Унијата на работодавачи на Србија.