Се прават тротоарите во Лисиче
Објавено во: Македонија 18 Април, 2013
Улиците во Лисиче конечно ќе добијат тротоари. Според планот ќе се работи на улиците „Тодор Чангов", „Ѓорѓи Капчев", „Благоја Мучето", „Василие Ѓуровиќ", „Божин Николов", „Горноврановска", „Лисец", главната улица што се протега од „Февруарски Поход“ па се до Усјанскиот канал, како и улица „1“ во Долно Лисиче.
„Општина Аеродром со цел да се урбанизира руралниот дел, почнува со изградба на нови тротоари на 10 улици во Горно и Долно Лисиче“, изјави градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски на денешната прес-конференција.
Станува збор за изградба на околу 14 илјади метри квадратни, односно тротоари во должуна од околу 9 километри.