19 Декември, 2025
0.0459

Се прошири листата на советници и надворешни соработници во канцеларијата на Заев: Плати до 55 илјади денари

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2021 16:54

Добивај вести на Viber

Листата на советници во канцеларијата на премиерот Зоран Заев се зголеми од 23 на 29 со последното ажурирање што го направи Владата. Сега таму има седум нови лица кои добиваат плата од 55.268 денари, а во меѓувреме еден советник го нема на списокот во однос на оној првобитниот.

Поранешниот министер без ресор Аксел Ахмедовски сега е советник за решавање на правни прашања и постапки, Зоран Ѓорѓиев, доскорешниот генерален директор на „Македонски шуми“, е советник за шумарство, водостопанство и спроведување на реформи во шумарството и водостопанството, додека Зоран Атанасов, кој до пред извесно време беше директор на Агенцијата за храна и ветеринарство дава совети кај премиерот за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Водителката Елена Митева сега е советник за организација на медиумски активности. Сите за своите совети месечно ќе бидат платени по 55.268 денари.

Додадени се активистката Силвија Митевска, како советник за спорт, екс-директорот на акционерското друштво за аеродормски услуги Виктор Петрушевски сега е советник за локална самоуправа, екс-министерот за дијаспора Едмонд Адеми е советник за надворешни работи. Исто и тие ќе ја добиваат истата сума. На листата повеќе ја нема Тања Чачарова Илиевска, која на Заев му беше советник за правда.

Со тоа листата на ангажирани во премиерската канцеларија се зголеми од 54 на 66 лица. Како што беше објавено од Владата, достапна за јавноста ќе биде само висината на надоместоците што им се плаќа на советниците на премиерот Заев. Ова не важи за државните советници, кабинетските службеници, раководителите на одделенија и соработниците. Не е позната ниту платата на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој сега е на оваа листа како секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата, заедно со неговата помошничка Елена Паговска Пелтековски.

Нови три имиња има и на листата на надворешни соработници во канцеларијата на Заев. Спасе Додевски за 46.000 денари е надворешен соработник за унапредување на образованието, здравствената и социјалната заштита. Драган Василевски за 40.000 денари е надворешен соработник за одбрана, а за истата сума Дејан Николовски е за инвестиции помеѓу општините и Владата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии