СЕ РАБОТИ ЗА МЛАДО МОМЧЕ ОД ЛАВОВ: Украинците фатија руски агент додека поставувал експлозив во зграда
Објавено во: Свет 15 Јули, 2025 18:15
Украинците фатиле руски агент додека поставувал експлозив во станбена зграда. Украинската безбедносна служба СБУ уапсила руски агент на дело додека поставувал експлозив во станбена зграда во градот Ривне на западот на Украина, јавија украинските медиуми. Руските тајни служби го врбувале 27-годишниот жител на Лавов, а тој прифатил поради можноста за лесна заработувачка, огласена на Телеграм. Неговата задача била да постави импровизиран експлозивен уред во изнајмен стан во центарот на Ривне. Целта била со теледиригирана активација да се предизвика голема експлозија со цивилни жртви и ранети, која би создала голема паника во регионот. Според украинските закони, на терористот сега му се закануваат до 12 години затвор и одземање на имотот. Од СБУ велат дека ова не е изолиран случај, туку редовно откриваат руски агенти што треба да вршат терористички напади. Според нив, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) најчесто врбува невработени, луѓе со криминално минато или зависници.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




