Се распродале становите во Охрид: По 1.500 евра за квадрат во зградата на Усеини
Објавено во: Економија 16 Септември, 2020 11:39
По 1.500 евра за метар квадратен плаќале граѓани за станови во Охрид оваа година. Според нашите информации за толку се продавале становите во зградата за која се зане дека е поврзана со Нефи Усеини, советникот во општина Охрид за кој јавноста доста знае, а е добро познат и во Охрид. Тој е сопственик на фирмата Нефи ИК.
Од Агенциите за недвижнини во овој град за Фактор велат дека годинава имало јагма за станови во градот. Со оглед на тоа што понудата е помала, а имало голема побарувачка цените отишле нагоре. Агенти за продажба велат дека становите се продавале за 1.300 - 1.400 евра за квадрат. Ова е навистина висока цена, каква не е регистрирана ниту во центарот на Скопје каде недвижнините се доста поскапи со години.
„Уште има станови за продажба, но оваа година навистина имаше доста голема побарувачка. Всушност можеби инересот е сличен како лани, но ние очекувавме многу помалку поради корона кризата, па сега сме изненадени од побарувачката. Точно е дека во некои нови згради цената на метар квадратен стасуваше и до 1.400 евра за квадрат, велат за Фактор од охридска агенција за недвижнини.
Според регистарот на цени и закупи на Агенцијата за катастар во вториот квартал изнесува 43.772 денари или 711 евра. Сепак ова е просечна цена. Таа е за 20 евра повисока годинава споредно со истиот период лани. Но, ова е значајно повисоко од периодот од пред две години или вториот квартал во 2018 година кога просечната цена на квадратот изнесувал 38.338 денари.
Според податоците во второто тромесечје во Охрид регистрирани се 144 трансакции со недвижнини, додека во првиот квартал биле направени 203 трансакции или вкупно 347.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





