Се распрсна сонот за нова или „понова“ стара кола - во Буџетот нема пари за субвенции
Објавено во: Економија 03 Декември, 2019
Не ги излажавме граѓаните. Ова го тврди министерот за економија, Крешник Бектеши, откако станува јасно дека од Буџетот за идната година Владата нема да дава субвенции за оние граѓани што ќе ги заменат старите возила со нови, или со половни кои ги исполнуваат еколошките стандарди, како и дека такви средства не се предвидени во државната каса.
Ова следува откако и министерката за финансии Нина Ангеловска претходно рече дека во Буџетот не се предвидени средства за субвенции на возила, туку тие средства ќе оделе за други проекти.
Наместо таа мерка, да се даваат директни субвенции од две, три или четири илјади евра за граѓаните што ќе сакаат да купат возила, Бектеши најавува нова мерка, со која ќе се обновел возниот парк, но не ја открива.
А претходно најавената мерка за субвенции, Владата нема да ја реализира, бидејќи таа, како што рече Бектеши, имала лимитирачки фактор, односно за неа ќе имало буџетски пари за само 500 до 1.000 граѓани, а другите што ќе сакале а добијат субвенции ќе биле дискриминирани.
„На прашањето дали сме ги излажале граѓаните, мислам дека е спротивно. Кога се усвои Законот за возила, реков дека реков дека таа мерка најверојатно нема да се реализира, имајќи предвид дека има лимитирачки факлтор. Имено, таквите мерки се по моделот прв дојден прв услужен, а имајќи го предвид податокот колку средства имаме за таа намена, ќе имавме само за субвенции за 500 или 1.000 граѓани. А што ќе направевме ако бараа три, четири, или пет илјади граѓани, а ние да немавме средства да ги субвенционираме. Работните групи што ги формиравме овој месец, ќе договорат ново решение за кое ќе бидете информирани, и тоа ќе биде без финансиски импликации за буџетот. Значи, ние не се откажуваме од намерите да го обновиме возниот парк, но ќе има други мерки, без лимитирачки фактор“, рече Бектеши.
А претходно од неговиот ресор изјавија дека „Согласно Програмата за субвенционирање на дел од трошоците за купување на ново возило, со одјавување на старото возило, субвенции се предвидува само за купено ново возило, а сопственикот кој поседува старо возило ќе треба да го расходова, односно да го предаде во во специјализиран отпад за возила. Во ниту една одредба од Законот за возила, не е предвидено да се субвенционира дел од трошоците за купување на половно возло“, нагласија од економија.
А првично, некаде летово, Владата најави дека разгледува опција за субвенции за замена на старо со ново или со користено возило со еколошки стандарди, односно со Еуро 5 и Еуро 6 нормативите. Летната идеја на Владата предвидуваше граѓаните што ќе купат ново или половно еколошко возило, а старото ќе го исклучат, да добијат субвенции од 20 до 30 отсто од вредноста, најмногу до три илјади евра, но тоа не смее да е поскапо од 10 до 12 илјади евра.
Во земјава, од 466 илјади регистрирани возила, дури 269 илјади се постари од 18 години. Со оваа мерка се очекува постарите да се заменат со понови автомобили, да се намали загадувањето и да се подобри безбедноста во сообраќајот.
( Н.Н.Ф.)* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.