16 Декември, 2025
0.0342

Се разбраа ли за нуклеарната програма на Иран?

Објавено во: Свет 01 Април, 2015 10:17

Добивај вести на Viber

Иран и шестте светски сили се согласија за сите клучни политички прашања околу иранската нуклеарна програма, изјавил пред руските новинари министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, цитиран од агенциите.

Според неговите зборови, на ниво на министри е постигнат принципиелен договор за привремен рамковен договор за иранската нуклеарна програма.

Според Лавров договореното ќе биде оформено и писмено „во следните часови, а можеби во текот на денот“, по што деталите ќе бидат објавени од првиот дипломат на ЕУ Федерико Могерини и иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Самиот Зариф објавил дека иранската делегација очекува денеска да ги обнови преговорите со шесте сили (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија), за да се заврши „подготвителната работа“ и да се започне со „развој на документот“.

Не е коректно да се тврди дека е постигната согласност по сите клучни прашања во преговорите со Иран за нејзините нуклеарни програми.

Ова не е вистина, изјави дипломат, кој побарал анонимност.

Западниот печат коментира дека нуклеарните преговори со Иран, требаше да завршат синоќа. Засега ситуацијата не е јасна, бидејќи Русија и Иран рекоа дека има принципиелен договор, што денеска ќе биде обајвен и најверојатно официјално претавен. САД велат дека уште има нерешени прашања.

„Дејли телеграф“, сумирајќи ја ситуацијата, забележува дека иако има напредок за исклучително важни прашања - особено можноста на Иран да збогатува ураниум - се уште има пречки за постигнување на договор и тие не се лесни за надминување.

„Гардијан“ забележува дека тоа е веќе третиот краен рок, кој истекува без договор за последните осум месеци. Според изданието овој пат сепак има дополнителен фактор за кој морале итно да се дојде до договор - американскиот Конгрес се закани дека ќе прифати нов закон откако ќе се собере сила по одморот во средината на април, кој може да доведе до отфрлање на евентуалниот договор со Техеран и наметнување на нови санкции.

„Волстрит џурнал“ коментира дека непочитувањето на последниот краен рок фрла сомнеж врз тоа дали преговарачките страни можат да го потпишат конечниот договор со што ќе му дозволи на Иран да развива нуклеарно оружје.

„Њујорк тајмс“ нагласува присуството на некои знаци дека тешките прашања на преговорите ќе бидат надминати, така што по три месеци ќе има конечен договор.

„Фајненшл тајмс“ коментира дека последниот ден од преговорите завршил лошо, а прашањето за санкциите против Иран се покажале како неопходни се до решавање на конечниот договор.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете