Се реконструира патот Кавадарци – Мушов гроб
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2013
Градежната компанија „Гранит” ја започна реконструкцијата на патот Кававадрци - Мушов гроб, кој води кон рудникот Алшар.
- Нашите работници и машини се на терен и започнавме со работите. Ќе направиме се што можеме изведбата да заврши до зацртаниот рок, велат во „Гранит”.
Жителите на десетината поткожувски села се задоволни од стартот на реконструкцијата на патот кој води до Кожуф . По истиот пат покрај нив секојдневно се движат и работници од неколку кавадаречки компании.
Дупките големи како кратери кои со години наназад претставуваа проблем за возачите, по оваа реконструкција треба да бидат минато.