05 Декември, 2025
0.0301

Се санираат хидроцентралите, браната кај Леуново ќе штити од поплави

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2013 20:17

Добивај вести на Viber

При крај е замена на застарената и истрошена опрема во шестте електрани, исто како и градежните зафати кај хидроелектраните, информираат од ЕЛЕМ. Според Дејан Бошковски, генерален директор на компанијата кој денеска беше во посета на мавровската брана во село Леуново, најкрупната досега  инвестиција ќе биде завршена во предвидениот рок. Рече дека инсталирањето дополнителна опрема, ќе обезбеди автоматизрано проиизводство на електрична енергија, но и поголема стабилност и сигурност на браните. Според најавите, проектот за ревитализација на шест хидроелектрани е вреден околу 33 милиони евра, ќе заврши до средината на 2014 година. „Со него е предвидено продолжување на животниот век на постојните хидроелектрани и зголемување на нивната сигурност и доверливост. Со ова се зголемува инсталираната моќност за дополнителни 18,31 мегавати, а годишното производство на електрична енергија за околу 50 гигавати. Тоа во пракса би значело задоволување на потребите на над 30.000 граѓани,“ итакна Бошковски. Со надвишувањето на браната Леуново, ќе се зголеми безбедноста , велат од ЕЛЕМ. Со ова поплавите од дождовите и топењето на снегот како и испуштањето на водите од Мавровското езеро, кои ги доведоа во опасност жителите на неколку тетовски села во општина Јегуновце, нема да се повторуваат.  Така Мавровското Езеро ќе може да собере уште  33 милиони кубиции вода, односно 50 гигават часа електрична енергија, зафат тежок околу 790.000 евра. Веќе е готова санацијата на Речкиот канал, при крај е на Шарскиот канал, а санирани се критичните делови на Тољанскиот тунел на најкритичните делници, посочија од компанијата.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите