19 Декември, 2025
0.0936

Се шири скандалот со коњското месо, по Германија, проверки и во Русија

Објавено во: Свет 14 Февруари, 2013 19:34

Добивај вести на Viber

Руската санитарна служба ќе ги провери трговските мрежи во земјата за присуство на производи со коњско месо, што предизвика скандал во Европа.

„Изгледа дека директни испораки немало, но ние дадовме наредба да се изврши проверка и ако биде откриено присуство, ќе наложиме отстранување на такви производи од трговските мрежи“, изјави шефот на руската Федерална служба за надзор во областа на заштитата на правата на потрошувачите, Генадиј Онишченко.

Претходно коњско месо беше пронајдено и во Германија во замрзнатите лазањи кои се продавале во супермаркетите "Реал".Според германските медиуми, сега и останатите супермаркети започнале да ги проверуваат производите им ги нудат на потрошувачите.

Исто така денеска и францускиот министер за земјоделство Стефан ле Фол изјави дека Владата и ја одзема лиценцата на француската месна индустрија „Спангеро“, кој беше обвинета дека продавала коњско месо како говедско. Тој наведе дека „Спангеро“ продавала коњско месо, а на етикетата пишувало говедско.

Европската унија синоќа апелираше до земјите членки во наредниот период да ги интензивираат тестовите за проверка на коњско месо. Сите членки на Унијата, треба да вршат проверка на јунешкото месо во период од три месеци, почнувајќи од 1 март, соопшти европската комисија.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците