Се спаси еврото во Грција; долгот намален, стигнува помош од 43,7 милијарди евра
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2012 10:28
И останатите лидери го поздравија договорот.
„Овде не се работи за пари. Ова е ветување за подобра иднина за грчкиот народ и зоната на еврото во целина, излез од ерата на промашени цели и лабава имплементација кон нова парадигма на реформи, одбивајќи ги должничките стапки и враќање кон раст“, изјави шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер по состанокот. Според еврокомеасарот за монетарни прашања Оли Рен, ова беше тест и за еврозоната, а како што вели, Грција покажа сериозност за реформите, за што еврогрупата и даде признние. Лагард ја повтори посветеноста на ММФ на грчката програма, но рече дека Фондот ќе чека прво да се спроведе шемата за откуп на обврзници со цел намалување на грчкиот долг, а потоа ќе одлучи за доделување на неговиот дел од финансиската помош. Еве и дел од насловите кои утрово осамнаа на првите страници на грчките весници. Етнос: До решение се стигна по взаемни отстапки на Германија и ММФ бидејќи несогласувањата меѓу нив доведоа до забавување на финансиската помош за Атина. Катимерини: За да го добие парите, на Грција и се поставени строги услови и механизам за надзор. Та неа: - Грција доби 44 милијарди евра по драматичен 12-часовен пазар. На седницата не стана збор за ново отпишување на грчкиот долг кое го бараа ММФ. Одлуката на еврогрупата не го решава должничкиот проблем на државата, но им дава на Грците основа за првични насмевки. Екси мерес: Решението е „нејасно“ и „банално“. Тоа ќе ја одблокира траншата, но ја држи Грција како заложник на рестрикции и рецесија без да го реши проблемот со долгот. Имерсија: Договорот постигнат во Брисел е историски.Самарас:„за грчкиот народ почнува целосно нов ден“.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





