Се спогодија Макпетрол и Владата: Спорот за ГА-МА ќе се реши вонсудски
Објавено во: Економија 15 Ноември, 2019 17:10
Макпетрол АД Скопје и Владата ќе склучат спогодба со која вонсудски ќе се завршат судските спорови во врска со ГА-МА АД Скопје, соопштуваат од дистрибутивната компанија. По ова, ќе следува проценка од овластени проценители, па Макпетрол согласно пазарна цена ќе и го продаде својот дел од сопственоста во ГА-МА АД Скопје на Владата. Согласноста е постигната со поддршка од Енергетската заедница.
Двете страни односно Макпетрол и Владата претходно побараа медијација во Центарот за решеавање на спорови на Енергетската заедница, а нивна цел беше конечно, законско и правично регулирање на сопственичките односи во ГА-МА АД Скопје во согласност со законот за енергетика и третиот енергетски пакет кој е вклучен во Законот.
Се соопштува дека во периодот кој следи Макпетрол АД Скопје и Владата ќе треба да донесат соодветни правни акти за официјално потпишување на Спогодбата. Додека не завршат сите процедури и секоја од страните не го испочитува договорот, продажбата нема да се реализира.
Инаку Енеретската заедница се обврзала да ја следи имплементацијата на вонсудската спогодба и да ја дава потребната поддршка се до кончено завршување на постапката.
Во септември годинава Владата објави дека планира да ги скрати капиталните расходи и да вложи во докуп на сите акции на ГА-МА кои во моментов ги поседува Макпетрол АД Скопје.
Државата и „Макпетрол“ го водеа спорот со аргументи секој на своја страна за тоа кој поседува мнозински капитал во ГА-МА.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?




