16 Јануари, 2025
0.0268

Се токми нов тендер за Луна паркот, инвестицијата се проценува на 8 милиони евра!

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

По неколку неуспешни обиди, Градот Скопје подготвува нов договор за јавно приватно партнерсство за финансирање, дизајнирање, изградба, работа и одржување на Забавен парк во Скопје. За Предлог одлуката за отпочнување на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство, на следната закажана седница на Советот на Град Скопје, ќе треба да се изјаснат и советниците. -Со цел дополнително да се поттикне визијата на Град Скопје како развиен културно-историски и спортско-рекреативен туристички центар, една од долгорочните цели на Градот Скопје е реконструкција и изградба на нов и модерен забавен парк, кој ќе понуди нови објекти, повеќе реквизити за забава и возбуда, а во исто време и ќе пружи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој,  европските модерни текови и вкупната економска политика, стои во образложението од Градот Скопје Според условите во договорот, концесионерот е должен за дизајнот на Луна паркот, за финансирањето, изградбата, работата и одржувањето на модерниот забавен парк  кој ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за   ваков вид на објекти. Концесионерот треба да изгради  репрезентативен објект што ќе биде обележје за     промовирање на градот Скопје, и да обезбеди соодветен квалитет на услуги во согласност со стандардите на ЕУ. -Имајќи предвид дека е потребна целосна реконструкција на веќе дотраените објекти и реквизити на постоечкиот Луна парк, овој модел нуди можност да се изгради нов современ забавен парк кој согласно стандардите на ЕУ нуди повеќе забава за посетителите, како домашни така и странски туристи и поголема безбедност за децата. Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство, ќе се додели за период од 35 години при што рокот почнува да тече од денот на склучување на Договорот. По истекот на овој период, приватниот партнер е должен објектот (забавниот парк) како и сите додатоци и подобрувања да ги пренесе во сопственост на Градот Скопје, се вели во образложението од Градот Како би изгледал Луна паркот? Новиот забавен парк ќе биде сместен на локацијата на сегашниот Луна Парк. Според истражувањето извршено во Студијата за изградба на нов забавен парк во Скопје на ИДОМ Консалтинг од Шпанија, се согледани можностите за  изградба на паркот на вкупна површина од 26.563 м2, со можност површината на локацијата на постоечкиот забавен парк да се зголеми од 26.563 м2 на 40.000 м2, што би вклучувало влез со соодветни придружни објекти, административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со Европските стандарди за безбедност, објекти за служење на храна и пијалоци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг простор, соодветна техничка инфраструктура, тематизација на паркот. Според образложението на Градот, инвестицијата се очекува да генерира зголемени приходи од работењето на забавниот парк со годишна посетеност од 200 000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години. Доколку предлогот се изгласа на Седницата на градскиот Совет, Комисијата за спроведување на постапка, е должна да ја подготви тендерската документација во рок од 30 дена од денот на стапувањето во сила на оваа одлука. Досега пропаднаа повеќе тендери, иако во текот на изборната кампања на  кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, често ја споменуваше реализацијата на овој проект. Инвестицијата за овој Луна парк е осум милиони евра. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката