Се токми проектот за изградба на Панорамското тркало високо колку 20 катна зграда!
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2013 08:53
- За проектот Панорамско тркало, во моментов, се изработува изведбено решение. По изработката на изведбениот проект ќе се пристапи кон разработување на сите релевантни модалитети за реализација на проектот, објаснуваат од Градот СкопјеЗасега сеуште нема проценка колку ќе чини вкупната инвестиција, тоа ќе се знае по изборот на изведувачот. Идејното решение за изградба на тркалото се избра лани, но претходното конкурсот неколку пати се поништуваше бидејќи се додаваа нови работи. На крајот се избра трудот на австриските архитекти од студиото „ Massabni architects GmbH“, кои на јавноста и се познати и по идејните решенија за хотелот Мериот што се гради на плоштадот Македонија . Според проектот Панорамското тркало со придружни елементи ќе биде високо 60 метри, а ќе се гради на мост на реката Вардар во делот помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар. Идејното решение предвидува целосно уредување на простор, кафе-бар, историски вагони од кој посетителите ќе имаат поглед на целиот на градот од 60 метри, поточно комплетниот изглед на тркалото како што тогаш објасни австриската компанија на својата интернет страница е инспириран од историските симболи за Македонија. Градот Скопје освен за изработката на изведбеното решение, е задолжен и за издавање на одобрението за градба. Соинвеститорот треба да го изгради тркалото заедно со придружните елементи и мостот и со него да стопанисува, да наплаќа билети од неговото функционирање и да го одржува во следните 35 години. Предлогот за распишување на тендер за соинвеститор за изградба на Панорамско тркало на една од последните седници на стариот Совет на Град Скопје, беше симнат од дневен ред поради пропусти од технички карактер во документацијата за проектот. Тогаш опозицските советници побараа градските власти комплетно да се откажат од овој проект, но тоа не се случи. Жолчни расправи се водеа на седниците меѓу градските советоници од опозицијата и влкадејачката коалција за реализацијата на овој проект.
- Тоа е еден од проектите од Скопје 2014, и како таков не само од оваа седница треба целосно да се тргне . На Скопје не му требаат такви екскурзии , оти има поважни проблеми за решавање од Панорамското тркало. Скопје има потреба од други мостови, а не од изградба на мост на реката Вардар за на него да се направи Панорамско тркало, тоа е небулозно и Градот треба да се откаже од овој проект, изјави на една од седниците Драги Давчевски, советник од СДСМ во Градот Скопје.Засега не е познато кога Предлогот за распишување на тендер за соинвеститор за изградба на Панорамско тркало повторно ќе биде ставен на дневен ред на некоја од седниците на Градскиот совет. Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





