05 Декември, 2025
0.0646

Се токми забрана за увоз на стари возила?

Објавено во: Економија 06 Јануари, 2013 10:43

Добивај вести на Viber

Досега, за три години во Македонија се увезени над 100 илјади половни возила. Во групацијата на увозници на нови возила сметаат дека тоа е завидна бројка, која го задоволила социјалниот момент, поради кој беше донесена мерката. Во Владата ќе го разгледаат барањето за забрана на увоз на стари возила.   Импортерите на моторни возила бараат средба со владата, за да го образложат барањето за забрана за увоз на возила постари до 7 години. Наведуваат дека во изминативе три години со увозот на возила со Еуро 1 и Еуро 2 стандард, задоволен е социјалниот момент од една страна, но, од друга страна тие возила се огромни загадувачи воздухот. Од Групацијата на импортери  на моторни возила во Сојузот на стопански комори,  велат дека внивното барање во писмена форма  е доставено до владата и чекаат или состанок или некаков повратен одговор оттаму. Од Владата пак за Фактор велат дека откако ќе го разгледаат барањето, дополнително ќе одлучат за нивниот став во врска со ова прашање. Во барањето на Групацијата на импортери на моторни возила се апелира на  воведување на нормата Еуро 4 за половни возила во првиот квартал од 2013 година со која е предвидено да се увезуваат возила што нема да бидат постари од 7 години, бидејќи како што велат загадувањето на воздухот, во голема мера е резултат и на согорувањето на горивата од старите нееколошки возила. Како аргумет импортерите го наведуваат и фактот дека во Скопје последните мерења на штетните честички на воздухот покажаа дека загадувањето е 20 пати поголемо од дозволените граници. Според европските стандарди максимално дозволената граница е 50 милиграми на кубен метар. „Новите возила имаат ниска емисија на јаглерод диоксид и штетни честички во воздухот, располагаат со посебни филтри кои ги задржуваат штетните канцерогени честички и не ги пуштаат во атмосферата. Наспроти ова, во последните три години во Македонија се увезоа околу 110.000 половни возила со Еуро 1 или Еуро 2 норматив кои немаат заштитни филтри и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот“, стои во барањето на импортерите. Со досегашниот увоз велат, задоволен е и социјалниот момент на потрошувачите кои покрај тоа што не беа во можност да купат нов автомобил, успеаја да го заменат својот престар автомобил со стар автомобил кој не одговара на еколошките стандарди. „Мерките со кои се дозволува натамошното увезување на возила со Еуро 1 или Еуро 2 норматив стануваат контрапродуктивни бидејќи овозможуваат увоз на многу стари возила кои се големи загадувачи на животната средина“, велат од ССК. Продажба на нови автомобили Откако во март 2010 година Владата дозволи увоз на половни автомобили со Еуро 1 и Еуро 2 стандард, евидентен е падот продажбата на нови автомобили. Според податоците на Царинската Управа, во 2009 година пред да биде воведена ваквата владина мерка во земјава, граѓаните купиле 10.574 нови патнички автомобили, додека веќе во 2010 година кога е воведена мерката, оваа бројка паѓа на 7.183, во 2011 купени се 5.795 нови патнички автомобили а веќе во 2012 (до ноември) граѓаните купиле едвај 3.675. Половни патнички автомобили Во истовреме паралелно со падот на продажбата на новите атомобили расте купувањето на половните патнички возила. Најмногу половни патнички автомобили се купени во деветте месеци од 2010 година, кога се дозволи купување на возила со Еуро 1 и Еуро 2 стандардот, кога се купени 51. 399 употребувани патнички автомобили, во 2011 интересот се намалува и купени се 34.326 , додека во 2012 (до ноември) купени се 25.909 половни патнички автомобили. Увезени возила во 2012  Увезени возила во 2011  Увезени автомобили во 2010 Увезени автомобили во 2009 Светска Банка Согласно  извештајот на  Светската банка од ноември 2012 година, загадувањето на воздухот со ситни честички ја чини економијата 253 милиони евра годишно или 3,2 отсто од БДП за 2011 година.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?