Се урбанизираат парцелите кои ќе се продаваат преку проектот „Купи куќа за млади“
Објавено во: Економија 22 Јуни, 2016 14:53
Катастарот и негови тимови стартуваа со теренски активности на повеќе локации за подготовка на ажурирана геодетска подлога со што стартува урбанизацијата на парцелите коишто ќе се продаваат преку проектот „Купи куќа за млади“ со почетна цена од евро за метар квадратен.
Во вкупно 36 општини на површина од 700 хектари ќе се изготуваат геодетските подлоги кои потоа ќе бидат доставени до Агенцијата за просторно планирање која понатаму треба да ги изготви урбанистичките планови, општините да ги усвојат на советите за да можат да се понудат на продажба од евро за метар квадратен.
Станува збор за општините во Скопје, Битола, Гевгелија, Пробиштип, Охрид, Велес, Берово, Василево, Босилово, Ново Село, Свети Николе, Лозово, Кавадарци, Штип…Останатите 30 локации ќе ги урбанизира Министерството за транспорт и врски.
Преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




