16 Јуни, 2024
0.0243

Се влошува финансиската состојба на Philip Morris

Објавено во: Анализа 07 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Профитот на Philip Morris International Inc. падна за 5,2% во четвртиот квартал, откако обемот на продадениот тутун на повеќето од пазарите на компанијата се намали, пренесува MarketWatch. Нето добивката изнесува 1,99 милијарди долари, или 1,24 долари по акција, што е помалку од реализираните позитивни финансиски резултати од 2,1 милијарди долари, или 1,25 по акција, за истиот период од 2012 г . Исклучувајки ги неповолните  измени, профитот на една акција е 1,37 долари. Приходите, по одбивањето на акцизите, се намалуваат за 1,3% до 7,79 милијарди долари. Исклучувајќи ги девизните измени, приходите сепак скокаат за 2,5%. Испитаниците од Thomson Reuters очекуваа добивката на една акција да биде во износ од 1,37 долари на приход од 7,79 милијарди долари. Предвидувањата донекаде им излегоа точни. Минатата година производителот на тутун соопшти дека во 2014 година ќе влезе на брзиот пазар на електронски цигари и дека ќе работи на исполнување на плановите за нудење на други алтернативни производи, откако продажбата на традиционалниот тутун се намали. Производителот на цигари од брендовите Marlboro и L & M бара начини за проширување на своето присуство на пазарите во развој - особено откако продажбата на развиените пазари почна да се намалува. Вкупната продажба на цигари опадна за 4,3% на 223,2 милијарди единици главно поради намалување на побарувачката во индустријата како целина, но и заради помалиот удел на пазарот, појаснуваат од компанијата. Обемот во Европската унија, Источна Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија се намали, но се зголеми во Латинска Америка и Канада. Покрај послабите резултати на берзата во Њујорк акциите на Philip Morris се зголемија со цена од 1,31% на 77,89 долари. Инаку, американскиот гигант „Филип Морис“  беше избран за стратешки партнер на прилепскиот Тутунски комбинат како единствена компанија која ги исполни сите услови и даде понуда на распишаниот јавен повик. K.K.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ И ВАС КАКО РАБОТНИК ВЕ НЕРВИРА ОВА? Работниците од регионот конечно одговорија што ги нервира на работното место

ДАЛИ И ВАС КАКО РАБОТНИК ВЕ НЕРВИРА ОВА? Работниците од регионот конечно одговорија што ги нервира на работното место