Се воведува нов данок на имот во Грција
Објавено во: Балкан 04 Февруари, 2013
Од втората половина на 2013 година, грчките граѓени ќе бидат приморани да плаќаат нов данок на имот. Како што пишуваат тамошните весници, данокот ќе погоди околу пет милиони домаќинства, компании и претпријатија и ќе го замени вонредниот специјален данок, што Грците го плаќаат заедно со сметките за електрична енергија.
Стапките на новиот данок ќе бидат од 0,1 до 2 проценти. Предвиден е и минимум за имот што не подлежи на оданочување. Неговата висина не е одредена, но се очекува да изнесува до 50 илјади евра.Според весникот „Етнос“, властите се надеваат дека од новиот данок во државната каса да влезат приходи во висина од околу 3 милијарди евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.